БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Ловот на Груевски продолжува: Внимавајте каде маваат мува во државава не остана!

HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт?
An image from Squarespace
Пренеси го гласот

Не се важни мртвите Македонци кои што секојдневно ги снемува од нашиот свет!

Не се важни заразените кои секојдневно се борат за својот здив во болничките кревети низ клиниките во државата.

Не е важен стравот на обичните граѓани да не кивнат или недај Боже да се накашлаат на јавно место.

HTML Image as link НЕТКРИЕНО БОГАТСТВО ОД ТРАДИЦИЈА, ПРИРОДА, ИСТОРИЈА...
An image from Squarespace

Не е важна економската катастрофа и питачките стапови до кои го дотераа просечниот Македонски граѓанин клептоманската банда на власт.

Не е важно загадувањето на сите поголеми Македонски градови во кои во астронаутски скафандери е најсигурно да се движиме.

Не е важно што Македонците се најизолираната нација во Европа како резултат на лошите политики на власта.

Не е важно што неуки политичари без трошка одговорност раскрчмуваат се што е Македонско…

Важно е дека Никола Груевски ќе се враќал во ВМРО-ДПМНЕ.

Ваквата теза доаѓа од устата на верски проповедник преоблечен во сако на политичар, во емисија на јутјуб, чие што политичко влијание кај Македонскиот електорат на последните избори се граничи со статистичка грешка.

И ваквата теза се пласира преку провладини електронски медиуми како судбинско нешто кое што чиниш ќе помогне во решавање на сите погоре наброени “небитни” општествени состојби.

Недостига уште клада на плоштад да постават и квази-верската инвизиција да си го покаже своето вистинско лице.

Пишува: Кирчо Анастасов

Креирано од:


Пренеси го гласот