Во своето викенд интервју за порталот МКД.мк Александар Николоски одговараше на суштинското прашање кое е од интерес на Македонскиот народ во целост, во однос на неуспешниот референдум, правните импликации на истиот како и промената на името на Република Македонија од страна на власта на СДСМ предводена од Зоран Заев. Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ го реафирмираше и го нагласи ставот на ВМРО-ДПМНЕ дека Референдумот спроведен од власта предводена од СДСМ на чело со Зоран Заев беше неуспешен и дека истиот нема правни последици а се што потоа спроведе Зоран Заев од позиција на најмоќен човек во државата било против волјата на мнозинството на Македонски граѓани.
МКД.мк:
Референдумското прашање беше промена на име за членство во НАТО и ЕУ. Членка на НАТО станавме, но не и на ЕУ. Како опозиција планирате ли каква било ревизија на резултатите од референдумот, на сомневањата за поткуп на ваши пратеници, на начинот на кој се изврши промената на името?
Александар Николоски:
– Референдумот беше неуспешен. И покрај тоа Заев реши на сила и спротивно на волјата на граѓаните да го промени уставното име. Клучното прашање е дали Македонија четири години подоцна е поубаво место за живеење и дали напредува? Одговорот, за жал е – не. Секојдневни порази и понижувања. И затоа се потребни промени.
МКД.мк:
Какви промени? Ревизија на референдумот и последиците од него?
Александар Николоски:
-Референдумот е неуспешен. И затоа не може да има последици затоа што не беше успешен. Тоа беше израз на волјата на народот кој јасно беше против и со своето останување дома јасно искажа став. Сѐ што се случуваше потоа е спротивно на волјата на народот,
-соопшти јасно и децидно Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ.
Остатокот од интервјуто во кое што Николоски зборува за повеќе актуелни прашања исто така од не помалку суштинско значење за Македонскиот народ прочитајте го на порталот МКД.мк.

СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Историскиот антагонизам меѓу двете држави се надминува? Бугарија ја одобри еколошката студија за изградба на патно поврзување меѓу Струмјани и Берово
Во с. Драгобраште, виничко уапсени 26 годишник од Делчево и 24 годишник од с.Вирче, делчевско
Карл Јунг – патот преку поучни приказни, како дел од неговата книга „Сеќавања, соништа, рефлексии“