Во Извештајот од истражувањето на “Глобалната иницијатива против транснационалниот организиран криминал” од мај 2021 година каде се анализира протокот на луѓе дрога и пари на територијата на југоисточна Европа и западен Балкан, Делчево се најде на главната рута на трговијата со хероин. На рутата идентифукувана од страна на деталниот и обемен извештај од регионот се наоѓаат и градовите Кочани и Штип.
Во извештајот се наведува дека околу 60-65 тони на херион годишно поминуваат низ југоисточна Европа а голем дел од овие количини дури и се складираат во регионот пред да бидат распределени на помали пратки кои се праќаат северно од Србија кон Унгарија или источно преку Македонија и Косово во Албанија. Од тука хероинот заминува за Италија, и Хрватска од каде се дистрибуира во Западна Европа.
Според анализата вклучена во овој извештај, хероинот влегува во регионот на западен Балкан од Турција и Бугарија каде цената на килограм хероин достигнува 10000-13000 евра.
Главната влезна точка во регионот на хероинот е граничниот премин во Делчево на границата кон Бугарија, се наведува во истражувањето на “Глобалната иницијатива против транснационалниот организиран криминал”


СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Градоначалникот на Делчево Иван Гоцевски дел од јавниот форум „Жените знаат што им треба“, во организација на Здружението „Гласен Текстилец“ во Штип
ПОТПИШАНИ ДОГОВОРИ ЗА РАБОТНО АНГАЖИРАЊЕ ВО РАМКИ НА ПРОГРАМАТА ЗА ОКР ВО ОПШТИНА ВИНИЦА
Распишан конкурсот за општински стипендии за академската 2026/27 година