БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Населбата Ново Делчево раскопана и каллива создава огромни проблеми на делчевчани

HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт?
An image from Squarespace
Пренеси го гласот

“Градоначалникот на Општина Делчево по кој знае кој пат ја демонстрира својата неодговорност‼️

📌 Во населбата Ново Делчево веќе неколку месеци сме сведоци на кал на сите страни од испораскопани улици насекаде и оставени длабоки и необележани дупки кои од тековните врнежи се преполни со вода.

⚠️ Имено, при извршување на градежни активности кои во другите општини завршуваат за недела време, во нас Ново Делчево поради неодговорното и незаинтересирано работење на градоначалникот Трајковски жителите од оваа населба веќе со месеци внесуваат кал во своите домови и стравуваат по безбедноста на самите нив и на населението кое поминува од овде од причина што огромни отворени дупки полни со вода стојат по средината на улиците и тротоарите насекаде низ населбата.

HTML Image as link НЕТКРИЕНО БОГАТСТВО ОД ТРАДИЦИЈА, ПРИРОДА, ИСТОРИЈА...
An image from Squarespace

Истите тие дупки преполни со вода во комбинација со мракот во кој ја држи градоначалникот нашата општина се и тоа како реална опасност од пропаѓање во истите❗️

Голем дел од тие дупки се наоѓаат и околу детското игралиште во населбата кое секојдневно го посетуваат родители и деца од целата општина❗️

🫵 Трајковски до кога ќе се однесувате така “нон шалантно” кон граѓаните на Општина Делчево⁉️

-соопштение на Општинскиот Комитет на ВМРО-ДПМНЕ Делчево.

Креирано од:


Пренеси го гласот
HTML Image as link Интернет портал за афирмација на земјоделието
An image from Squarespace