БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Филипче на хартија- Одговорно лице, во реалност “мува не го лази”

HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт?
An image from Squarespace
Пренеси го гласот

Во врска со побарувањата и исполнувањето на стандардите за изградбата на модуларните болници од страна на министерството за здравство, што допринесе за избувнување на пожарот во тетовската модуларна болница, свој став во јавноста упати Претседтелот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски. Тој обелодени повеќе информации во врска со спроведената набавка со преговарање од страна на миниатерството со добавувачот-фирма која ги градела модуларните болници:

“Ајде малку за суштината…

Во отсуство на одговори од надлежните, еве информации кои ја зголемуваат одговорноста на оние кои бегаат од морална и секаква друга одговорност.Вчера запрашав за начинот и материјалот на градба на модуларните болници. Еве и зошто.Со набавката направена од Министерството за здравство се бара монтажните болници – контејнери да бидат составени од ѕидни и кровни (PUR) панели кои се најслабо огноотпорни.

HTML Image as link НЕТКРИЕНО БОГАТСТВО ОД ТРАДИЦИЈА, ПРИРОДА, ИСТОРИЈА...
An image from Squarespace

Никаде не се бара да се достави атест од произведувач на било кој материјал што е вграден во модуларниве болници. Нема никаде дека обврзувачко е во самите објекти да има и планови за евакуација. Покрај тоа што не се бара елаборат (проект) за ПП заштита исто така не се бара да бидат запазени минималните барања за ПП заштита за ваков тип на објекти (здравствени установи). Овие објекти спрема правилникот за заштита пожари и експлозии спаѓаат во група на објекти од категорија “Г” и за нив важи дека истите објекти мора да имаат огноотпорност од минимум 2 часа. Во реалноста, болницата во Тетово изгоре за 2 минути.Оттука, зошто во набавката се барале леснозапаливи PUR панели? Зошто не се барало атест за квалитет, зошто немало противпожарна заштита, и зошто она што требало во најлош случај да издржи 2 часа, изгоре за 2 минути?

Сето ова ја надминува моралната одговорност. Потребна е објективна истрага, ослободена од Заев, Филипче и Хасани. Затоа оставки!”

-напиша на фејсбук Мицкоски.

Креирано од:


Пренеси го гласот