Деновиве јавноста во МАкедонија е сведок на интензивни прес конференции од страна на Сојузот на синдикати на МАкедонија со барање за зголемување на минималната плата за работниците во државата.
Од страна на СДСМ ваквото барањее го базираат на зголемениот износ на вредноста на потрошувачката кошничка во Македонија која е дефинирана со цената на прехрамбените производи во малопродажната мрежа.
Од страна на владеачката СДСМ ваквото барање на ССМ го поздравуваат декларирајки се себеси на страната на работниците во интерес на приграбување на поголем број на гласови.
Но ретко кој во јавноста зборува дека со зголемувањето на минималната плата од 15200 мкд на 18000 мкд се зголемуваат и давачките кои што работодавачите ги плаќаат на државата.
Дали владеачката СДСМ во услови на огромен буџетски дефицит креиран преку нивните лоши макроекономски политики сакаат да бркнат уште подлабоко во џебовите на стопанствениците кои и онака мака мачат со обезбедување на приходи за постојните вработени во приватниот сектор, е прашање кое што заслужува соодветна дискусија во јавноста.
Несомнени се аргументите за зголемувањето на минималната плата за работниците во услови на зголемени цени на сите можни производи во малопродажните маркети.
Но колку е потребно државата да инкасира зголемени приходи на грбот на приватниот сектор кој обезбедува егзистенција за над 200000 граѓани преку зголемени давачки само за полнење на владиниот буџет е аргумент кој ги прави владините намери за зголемување на минималната плата за работниците крајно лицемерна за сопствен интерес.
Зголемувањето на минималната плата со сигурност ќе предизвика преструктуирање на приватниот сектор во интерес на моќните корпорации во државата, додека помалите фирми можат да се најдат пред клуч за затварање на голем број бизниси. Со тоа дополнително ќе се зголеми сиромаштијата проследено со одлив на работоспособно население во странство.
Од тие причини се наметнува прашањето дали не е подобро зголемувањето на минималната плата да биде направено преку најавената законска интервенција со директна финансиска помош од страна на државата за сите приватни стопанственици со цел за полесно да го поминат претстојниот транзициски период?
Пишува: Кирчо Анастасов


СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Про-бугаринот Венко Филипче нека покаже како треба и нека ги стави бугарите во статутот на СДСМ, Македонскиот устав не му е дедовина да го решета како ќе му текне
Зошто НАТО не го активира членот 5 во војната меѓу САД и Иран?
Синдикалниот комунизам е мртов. Македонија како земја на услуги треба да развива трудов раст а не секојдневие на социјална пропаст