ПЛАНИНАРСКИ СПОРТСКИ КЛУБ ГОЛАК Делчево,во соработка со Федерацијата на планинарски спортови на Македонија,на ден 26 август 2018 година (недела), организира традиционален планинарски марш,со следната маршута :
Град Делчево 595 м.н.в. – Ветровити Рид 753 м.н.в. – Богородичка Полјана 900 м.н.в. – Милосова Чешма 1040 м.н.в. – Стари Голак 1300 м.н.в. – Спортски Терени 1400 м.н.в. – Врв Чавка 1538 м.н.в. – Манастир Св.Пантелејмон кој се наоѓа на врв Мала Чавка 1508 м.н.в.Се враќаме по друга патека односно од Спортските терени 1400 м.н.в. – Стари Голак 1300 м.н.в. – Долна Богданица 946 м.н.в. – Трајанов Рид 730 м.н.в. – Манастрир Св.Богородица Балаклија 650 м.н.в. – Делчево 595 м.н.в.
Можно е патеката да ја промениме по обратен редослед, поради поубав панорамски поглед кон градот Делчево и пијанечката котлина.
-Патеката во еден правец е долга 12 км,со висинска разлика околу 1000 метри и истата се искачува за 3 часа и 30 минути а се слегува за 2 часа.Истата е маркирана и добро позната на организаторот бидејќи е помината многу пати. Се минува низ дабова,габерова и борова шума. Воедно ќе направиме и промоција на првиот дел од патеката бидејќи ќе биде маркирана како и ќе бидат поставени патокази и табли.
– Патеката на некои места минува низ густа шума но не е опасна,но сепак треба да се внимава и да се почитува препораката на водичите.
– Патеката е средно тешка.
– Потребна Опрема :
Облека за заштита од сонце за летни услови , Наочари за сонце со УВ заштита , Капа , Марама , Креми за сонце,Полувисоки кондури за летно време,Ранец за еднодневна акција најмалку 20 литри,Планинарски стапчиња,Прибор за лична хигиена,медикаменти,мала прва помош,Крпа за лице и раце,Прибор за јадење (чинија,вилушка,лажица,нож) како и шише за вода од најмалку 1.5 литри.
-Прв ден 26 август 2018 год.(недела) собирање на учесниците од 07.00 до 07:30 часот. Тргнување во 07:30 часот од центарот на Делчево –паркинг позади црковниот храм Св.Кирил и Методиј од каде продолжуваме кон врвот Чавка 1538 м.н.в..Во 12 часот и 30 минуту ќе имаме ручек (планинарско гравче ) со салата,кои се обезбедени од ПСК ГОЛАК Делчево,како и доделувања на благодарници за учесниците.Во 14.30 е враќање назад кон Делчево.
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ : Потребно е сите учесници да се придржуваат на упатствата и препораките од организаторот.
Дополнителна исхрана :
Секој сам си носи исхрана од ранец по своја желба за вечера и доручек, суво овошје ,свежо овошје и зеленчук,џусови, жен шен енергетски тоник ( zegin ), магнезиум , електролити ……..
Напомена :
-Секој учесник е должен да ги почитува правилата и насоките на организаторот и водичите, во спротивно сам е одговорен за несаканите последици, наведената планинарска акција е организирана и движењето ке се одвива во група предводена од организаторот и водичите. Организаторот и водичите имаат право да исклучат некој, пред стартот на планинарската акција, доколку не ги исполнува наведените услови и не ја поседува соодветната планинарска опрема за предвидената планинарска акција.Секој учесник може да биде исклучен од групата поради недолично однесување.
Организаторот и водичите го задржуваат правото за измени на термините и редоследот на наведената планинарска акција, во зависност од временските услови и останати технички препреки.
Информација: – Од самиот простор кај црквата Св.Пантелејмон 1508 м.н.в. има прекрасен поглед кон планините Рила и Пирин во Р.Бугарија како и на нашите планини Осогово,Влаина,Малешевски Планини,Плачковица,Средна,Обозна.Прекрасен поглед на Кочанската котлина и на езерото Калиманци.
Организација : ПСК ГОЛАК Делчево.
Водич: Љупчо Чучуковски
Помошник водич: Ќе бидат кажани на денот на тргнување кои ќе бидат најмалку 4-ца.
ПРИЈАВУВАЊЕ : Најдоцна до 23 август (четврток) 2018 год.(четврток) Кај Претседател Дипл.шум.инж.Љупчо Чучуковски на телефон 070 605 137 или на Маил psdgolakdelchevo@yahoo.com
ПОЗДРАВ И ВЕ ОЧЕКУВАМЕ ДА БИДЕТЕ ДЕЛ ОД ОВОЈ ПЛАНИНАРСКИ СОБИР НА ПЛАНИНАТА ГОЛАК !!!


СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Заложбите на градоначалникот на Берово Петар Ружински даваат резултати: Две нови големи инвестиции во Малешевијата за подобар стандард за сите беровчани
Нова перспектива за развој на локалната економија во Пехчево
Стоп за досегашната фушерајска изградба на градежни работи во Делчево