БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Пехчевски водопади – Таму дарбите природна сила…

HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт?
An image from Squarespace
Пренеси го гласот

На само неколку километри од центарот на Пехчево, во недопрената природа на Малешевијата во подножјето на планината Кадиица се наоѓаат Пехчевските водопади. Изворишниот дел на реката Брегалница под врвот на Кадиица кој се наоѓа на 1932 метри надморска височина, обилува со прекрасна природа на недопрени шумски предели, бројни водотеци кои пленат со својата бистрина и свежина.

По течението на горниот дел од реката Брегалница, односно по течението на нејзините притоки, постојат 4 поголеми водопади и бројни помали каскадии каде чистата и студена вода весело жубурејќо го пренесува зборот за убавините на Малешевијата, до местото на влевање во Вардар и понатаму до Егејското Море.

HTML Image as link НЕТКРИЕНО БОГАТСТВО ОД ТРАДИЦИЈА, ПРИРОДА, ИСТОРИЈА...
An image from Squarespace

Овие предели на недопрена природа се повеќе се препознатливи по Малешевските водопади кои се наѓаат во поширокиот реон на туристичката населба Равна Река, Пехчево и чија висина на пад на водата и до 15 –тина метри ги воодушевува поситителите од земјата и пошироко. Водопадите се уредени и прилагодени за посетители од страна на локалната самоуправа на Општина Пехчево.

Се надеваме дека, ова прекрасно место, во иднина со мала реклама од страна на државата зголемувајќи ја понудата би прераснала во една прекрасна туристичка дестинација. А, до тогаш сите оние кои имаат слободно време, нека најдат еден прекрасен сончев викенд за да ја посетат оваа природна убавина, бидејќи “ Таму дарбите природна сила… со сета раскош ги растурила”

Креирано од:


Пренеси го гласот
HTML Image as link Интернет портал за афирмација на земјоделието
An image from Squarespace