ВД директорот на Јавното претпријатие Државни Патишта Коце Трајановски денеска беше на терен на трасата каде што се изведуваат градежните работи на експресниот пат на делницата од Страцин до Крива Паланка.
За јавноста тој информираше за напорите на претпријатието и владата да се забрза реализацијата на сите патни и автопатски делници во државата каде што во моментот се реализираат градежни работи со имплементација на технички можности за асфалтирање во зимски услови преку користење на соодветни адитиви за асфалтната маса која се вградува.
“![]()
Денес заедно со екипа од Сител ТВ извршивме увид во градежните работи на ескпресниот пат Страцин – Крива Паланка,проследете го моето гостување во вестите во 16:00 часот.
![]()
За прв пат во Македонија се овозможува да се гради и во зимски период, односно градежните компании набавија адитив кој овозможува да се асфалтира и на пониски температури. На овој начин се продолжува и градежната сезона. Ако таа досега беше 6 до 8 месеци сега ќе имаме асфалтирање во период од 8 до 10 месеци во годината. Сето ова, пак ќе овозможи забрзување на проектите и зимските услови во наредните месеци нема да бидат пречка да продолжиме со асфалтирањето. Досега зависевме од условите на времето кое на ниски температури налагаше да се прекине со асфалтирање. Оваа зима и во месеците што следуваат ќе продолжиме со асфалтирање и тоа на автопатот Кичево – Охрид каде што има тројца изведувачи, едниот е ‘Гранит’, вториот е ‘Илинден – Струга’, а третиот е самиот ‘Синохидро’, со што ќе овозможиме Кичево – Охрид пред летната сеозона догодина да го пуштиме во употреба, ако не во двата правци, тогаш едниот да биде целосно асфалтиран и пуштен во сообраќај.
-соопшти за јавноста ВД Директорот на ЈПДП Коце Трајановски.


СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Учество на припадници на АРМ на меѓународна вежба во Турција “EFES 2026”
Славјанка Петровска: Среќен роденден, моја СДСМ
Македонија со значителен напредок во Реформската агенда презентиран пред амбасадорите на ЕУ