Најзагрозените жители на Општина Штип добиваат нови живеалишта!
Во моментов, со средства од Европска Комисија преку Делегација на Европска Унија во Македонија, се врши поставување на 40 типски куќи за домување на жителите, кои времено беа сместени во старото нервно одделение на булеварот “Партизанска”.
До крајот на оваа година ќе завршиме со поставувањето на објектите на предвидената локација, која беше инфраструктурно уредена со пари од буџетот на Општина Штип.
Ова е уште еден чекор до урбанизација на трасата на булеварот “Партизанска”, со што ќе добиеме директно сообраќано поврзување и мерлив економски развој.
Извор: Општина Штип

СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Градоначалникот на Делчево Иван Гоцевски дел од јавниот форум „Жените знаат што им треба“, во организација на Здружението „Гласен Текстилец“ во Штип
ПОТПИШАНИ ДОГОВОРИ ЗА РАБОТНО АНГАЖИРАЊЕ ВО РАМКИ НА ПРОГРАМАТА ЗА ОКР ВО ОПШТИНА ВИНИЦА
Распишан конкурсот за општински стипендии за академската 2026/27 година