Функционерите на СДСМ поставени на чело на локалните институции во Делчево не ги почитуваат и достојно не ги одбележуваат државните празници, настани и манифестации кои што се од особено значење на делчевчани и целиот Македонски народ.
Изминатата недела во Делчево се случија повеќе настани и манифестации за одбележување на значајни личности и настани од интерес на граѓаните на Делчево, но она што беше забележително е отсуството на локални функционери именувани од страна на СДСМ во Делчево, на тие настани.
За ваквата состојба реагираа и од Општинскиот Комитет на ВМРО-ДПМНЕ во Делчево со свое соопштение упатено до јавноста:
“Како сериозна политичка партија упатуваме разочараност од непочитувањето од страна на СДСМ Делчево, Градоначалникот Трајковски, Општина Делчево и голем дел од локалните институции на двата големи празника кои се случија во Делчево оваа недела, а тоа се чествувањето на Разловечкото востание и 24 мај – Ден на сесловенските просветители „Св. Кирил и Методиј“, кој е и патрон на нашиот град!
Воедно и сакаме да ја известаме јавноста, дека Горан Трајковски, Општина Делчево и дел од директорите на образовните институции кои се јавуваат и како организатори на настанот вчера, посветен на сесловенските просветители „Св. Кирил и Методиј“, не се појавија на истиот.
Наместо заеднички да го прославиме денот на просветителството и денот на Свети Кирил и Методи тие одлучиле да ја искористат саботата како пазарен ден и ден за сопствена рекреација.
Со тоа истите покажаа големо непочитување кон нашите важни историски и верски празници кои се и во основата на тоа што и денес сме ние Македонците. Докажаа уште еднаш дека во основата на нивната политичка партија е непризнавањето на се што е МАКЕДОНСКО.
Свечената академија за денот на просветителството веќе одамна е мисловна именка во Делчево под водството на оваа гарнитура на СДСМ Делчево.
Сакаме и да истакнеме дека Општина Делчево не е своевина на неколку луѓе од СДСМ, на кои децениската комоција во нивните фотељи набрзо ќе заврши.
Сакаме во оваа прилика и да им честитаме на сите институции и чинители кои сепак и покрај сите опструкции успеаа да помогнат во достоинствено и одлично одбележување на овие два значајни празника за Делчево и Македонија.
Искрено сме им благодарни и на сите високо поставени државни функционери, пратеници и министри кои на чело со Претседателот на Владата на Република Македонија Hristijan Mickoski оваа недела беа во посета на нашето Делчево и беа помеѓу својот народ.
Нашата визија како Општински Комитет да докажеме дека сме демократска политичка партија за македонско национално единство продолжува и понатаму.
-стои во соопштението упатено до јавноста од страна на Општинскиот Комитет на ВМРО-ДПМНЕ Делчево.


СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Товарно возило удрило во мопед на магистралниот пат Штип-Делчево
Во ритамот на пијаното – најава за концерт на младата пијанистка Јулијана Јанев во Кочани
Експлозија на ел. бојлер во викенд куќа во Равна Река, пехчевско причина за повреда на 42 гидишна жена од Штип