БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Превентивни активности на подрачјето на СВР Штип

HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт?
An image from Squarespace
Пренеси го гласот

Вчера (31.05.) Полициски службеници од СВР Штип, како и полициски службеници од ОВР Пробиштип, од ОВР Делчево како и од ОВР Кочани во соработка со ЈП „Национални шуми“ на подрачјата под надлежност на овие организациони единици беа спроведени беа спроведени превентивни активности во рамки на кампањата за спречување на шумските пожари и бесправната сеча на дрва.

Притоа во рамки на сите тие активности, во разговор со граѓаните и месното население полициските службеници потенцираа дека потребна е континуирана соработка со надлежните институции и задолжително пријавување на несовесно однесување, како фрлање и палење ѓубре, палење оган на отворен простор и во близина на шумски појаси, фрлање на отпушоци и слично со цел брза и навремена реакција на институциите.

Исто така беше нагласено дека во пресрет на летниот период и зголемените температури, расте и опасноста од предизвикување на пожари од невнимание. Затоа, беше посочена потребата од заштита и намалување на ризикот од настанување на шумски пожари и пожари на отворен простор, во близина а излетничко-рекреативни центри, како и внимателно извршување земјоделски работи, со акцент на опасностите од предизвикување пожари од палење на меѓи, стрништа со сува трева и смет на ниви. Покрај тоа граѓаните беа информирани и за законските одредби и санкции особено во поглед на законскaта регулатива која го опфаќа делото пожар, односно „Предизвикување општа опасност“ регулирано во Кривичниот законик на РСМ по член 288, со што се предвидува казна затвор од 6 месеци до 5 години.

HTML Image as link НЕТКРИЕНО БОГАТСТВО ОД ТРАДИЦИЈА, ПРИРОДА, ИСТОРИЈА...
An image from Squarespace

Целта на овие активности беше да се зголеми безбедносната култура, но и да се зајакне довербата и соработката меѓу полицијата и граѓаните. Воедно на граѓаните им беа делени и информативни летоци изработени во соработка со ЈП „Национални шуми“.

All reactions:

6969

Креирано од:


Пренеси го гласот
HTML Image as link Интернет портал за афирмација на земјоделието
An image from Squarespace