Денеска Претседателката на Република Македонија Гордана Силјановска Давкова имаше топол прием за братчињата Филип, Максим и Калин од Делчево заедно со нивните горди родители.
Тројцата браќа кои што се малолетни дечиња и оваа година по втор пат го препливаа Илинденскиот пливачки маратон во должина од 2500 метри кој што се одржува во водите на Охридското езеро.

“Инспиративен е подвигот на братчињата Филип, Максим и Калин од Делчево кои годинава по вторпат го испливаа Илинденскиот пливачки маратон, во должина од 2,5 километри.
Освен што се гордост за своите родители, тие се и пример за врсниците, соучениците, за целата генерација.
Докажаа дека, со силна волја и решеност, нема предизвик којшто не може да се надмине. Двапати се соочиле со Охридското Езеро и двапати, го победиле.
Љубовта кон спортот и спортскиот дух којшто го негуваат тројцата, наместо насилство и говор на омраза, поттикнуваат натпревар на знаење, на посветеност и на издржливост.

СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Одбележан патрониот празник на ООУ „Крсте Петков Мисирков“ во Оризари
Предложен притвор за вработен во ДЗС осомничен за поткуп
Делегација на МВР учествуваше на 15. конференција на ИНТЕРПА во Доха, Катар