На неделните примарни избори за избор на претседателски кандидати кои што во октомври ќе влезат во трката за претседател на Аргентина, политичкиот естаблишмент во земјата доживеа вистински потрес. Крајно десничарскиот популист Хавиер Миле доживеа вистински пробив во освојување на огромен број гласови што го рангира на местото за еден од најсериозните кандидати за вдомување во претседателската палата во Буенос Ајрес. По мнозинството изброени гласови експертите се согласни во едно- дека Милеи ќе биде серозна закана во трката за претседателското место во октомври. Од изброени над 92% од гласовите Милеи освоил околу 30% според официјалните изборни резултати. Кандидатите на главната опозиција освоиле околу 28% додека кандидатите на владеачката коалиција освоиле околу 27% од гласовите.
Милеи во јавноста е познат по своите радикални ставови по одредени оптествени прашања. Негов идол е поранешниот американски претседател Доналд Трамп, тој се залага за укинување на Централната банка на Аргентина, смета дека климатските промени се лага, сексуалното образование смета дека ќе го уништи семејството, верува дека продажбата ан човечки органи треба да биде легална како и се бори за олеснување на законите за поседување на оружје од страна на граѓаните.
Хавиер Милеи е гласен противник на постојната “политичка каста” во државата за кои вели дека овозможи “крај на паразитската, корумпирана и бескорисна политичка каста која што постои во земјата.”
Понатаму тој во својот победнички говор пред нацијата соопшти:
“Денес го направивме првиот чекор кон реконструкција на Аргентина. Поинаква Аргентина е невозможна со истите луѓе постојано.”
Со ваквиот исход на изборите Аргентина стана последната држава во регионот во која гласачите бираат надворешна личност од постојниот политички естаблишмент како израз на револт против традиционалните политичари.

СЛИЧНИ ОБЈАВИ
ИСТОРИСКИ УСПЕХ ЗА МАКЕДОНСКИОТ ХИП-ХОП: НИНА ТАЛЕСКА Е СВЕТСКИ ВИЦЕШАМПИОН!
ДАЛИ СТЕ ПОДГОТВЕНИ за нова светска војна?
Интерес на воената индустрија на САД за инвестиции во Македонија