Прашањето кое што секој Македонски граѓанин ќе треба да си го одговори во времето што доаѓа догодина е: – Дали електоратот во Македонија ќе му дозволи на нелегитимниот антинароден премиер Димитар Ковачевски симболично да влезе во рајот т.е. после парламентарните избори да креира нова влада?
Денес пред се како човечки битија се наоѓаме пред чистилиштето од чии што сегашни односи и идни потези зависи дали како заедница ќе преминеме во рајот.
Доаѓа време во кое што сите кои што удирале клинци врз ковчегот на Македонија ќе се срамат, извинуваат, правдаат и релативизираат за нивните постапки. Пакоста која ја направија во изминатите 6 години на штета на Македонското постоење е неопростлив чин мотивиран единствено од алчност за пари, моќ, простување на гревови и комодитет на живеење.
Таквите предатори во Македонското национално ткиво се наша реалност и сакале нејкеле мора да продолжиме да го делиме овој простор со сите нив. Прашањето е сега дали ќе им бидат простени гревовите кои ги направија во интерес на нивната сопствена комоција и кохабитација со врвот на СДСМ и ДУИ каде што поединци “товарија” богати товари оделени од устите на овој се посиромашен народ.
Овој текст е посветен на голем број Македонци, кои беа затекнати од хаосот и измамите на Зоран Заев, му поверуваа на измамничката “фаца” на “црпнатиот од Муртино” кој со полна уста излажа се што можеше да го излаже овој народ. Хистеријата која ја предизвика СДСМ хранета од странски разузнавачки центри не донесе подобра Македонија за нејзините граѓани, туку баш напротив… Од лошо во полошо тонеме, така што се чини дека оваа наша бездна навистина нема дно. Наместо подобар живот Македонскиот народ наиде на нови негирања, нови отстапки, нови национални омаловажувања, бришење на идентитетски одредници, погазување на националната гордост итн.
Сите што беа дел од устоличувањето на власта на СДСМ и ДУИ денес не треба да одат далеку како колектив туку треба лично да се запрашаат дали живеат подобро со овие 6 години поминати на власт на нивниот политички избор во 2016 и 2020 година?
Доколку одговорот е ДА јас лично би им честитал на нивниот животен успех и би ги охрабрил повторно да гласаат за СДСМ а со тоа и за ДУИ. Гласот за СДСМ на наредните избори е глас за понатамошна ДУИЗАЦИЈА на Македонија
Сите останати кои што сметаат дека државата а со неа и тие самите одат кон полошо, ги охрабрувам и ги замолувам да се спротивстават на овие злокоби во врвот на СДСМ и Владата и да се придружат кон јадрото на големиот фронт предводен од ВМРО-ДПМНЕ за соборување на оваа влада.
Луѓето имаат суштинска карактерна особина да грешат и секоја грешка може да биде простена доколку има сериозно каење за истата. Тоа може најдобро да се изрази за сите овие Мaкедонски граѓани кои што беа заведени од лагите на Зоран Заев, Оливер Спасовски, Радмила Шеќеринска…. А во духот на православието е на ваквите грешни души добриот и достоинствен Македонски народ да им прости.
Поразот на СДСМ на наредните избори е неминовен, но тој треба да биде толку жесток што никаква меѓународна заедница нема да се осуди да ги охрабрува и протежира за идна власт во Македонија.
Секаква пасивизација, секакво подлегнување на предизборен инжжинеринг за лична корупција, прием на моментални лични бенефити од парите на граѓаните, ширење на тези “сите се исти”, овозможуваат поголемо влијание на актуелната владеачка гарнитура во креирањето на политиките во Македонија во наредните 4 години.
Токму затоа коалицијата на СДСМ и ДУИ е потребно да го доживее досега најголемиот пораз во број на гласови и освоени парламентарни мандати за да ја сватат поентата дека направиле зло за Македонија и Македонскиот народ.
Глас повеќе за ВМРО-ДПМНЕ е глас против штетните политики на СДСМ и ДУИ а со тоа ВМРО-ДПМНЕ ќе има уште поголема обврска за враќање на државата на народот. Со освоени 61+ пратенички мандати од страна на ВМРО-ДПМНЕ Македонскиот народ со својата политичка волја јасно и гласно ќе им порача на сите свои пријатели и непријатели каде треба да се движи државата.
Македонија е Пиреј кој не може да се уништи, искорени, избрише…. Македонците се сила која ја дефинира човековата историја, сегашност и иднина.
Да бидеме сите достојни на својата улога пред историјата и вечноста!
Пишува: Kircho Anastasov

СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Последниот пишувач на љубовни писма
Алекс Букарски: Последното сонце на михољско лето
Алекс Букарски: Час