БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

На што се должи поскапиот износ за набавка на противпожарното возило од страна на ТППЕ Делчево?

HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт?
An image from Squarespace
Пренеси го гласот

Пред повеќе од две години градоначалникот на општина Делчево преку општинскиот веб сајт се пофали дека набавил ново противпожарно возило за потребите на ТППЕ Делчево. Истото тоа возило во почетокот на оваа година беше оштетено и оставено нефункционално поради дефект на пумпата за вода. Цената која што ја објавија општинските служби во општина Делчево за ова возило изнесувала 7 364 657 денари! За вакво противпожарно возило општина Штип имаат платено 7,1 милион денари што е за повеќе од 260.000 денари помалку од цената која е исплатена од општина Делчево.

Од општинскиот Комитет на ВМРО-ДПМНЕ Делчево денеска излегоа со прашања кои што отвараат основани сомнежи за разликата во цена на двете возила:

“Додека сеуште го чекаме одговорот од градоначалникот Трајковски и неговиот омилен комадтир на ТППЕ Делчево за тоа кој е одговорен за предизвиканиот сериозен дефект на противпожарното возило набавено со парите за граѓаните пред две години, а кое со месеци стои расипано во една од гаражите на ТППЕ Делчево, сакаме да ја запознаеме јавноста со еден ГОЛЕМ СКАНДАЛ ПОВРЗАН СО ИСТОТО ВОЗИЛО.
Имено, истото вакво возило со истите параметри градоначалникот на Штип Иван Јорданов го има набавено за 7 100 000 денари или за 264 657 денари помалку од возилото набавено од страна на градоначалникот на Делчево Горан Трајковски, кој го набавил за 7 364 657 денари!
Од тука се постабува прашањето за тоа која е причината за ваквата повисока набавна вредност на возилото на ТППЕ Делчево⁉️
И, дали со тоа е оправдан сомнежот кој што кружи во делчевската јавност дека 264 657 денари,пари наменети за граѓаните на Делчево, завршиле во нечиј џеб⁉️
Ова е еден од низата на скандали кои што овие месеци ги тресат институциите во Делчево кои што се под капата на градоначалникот Горан Трајковски‼️

HTML Image as link НЕТКРИЕНО БОГАТСТВО ОД ТРАДИЦИЈА, ПРИРОДА, ИСТОРИЈА...
An image from Squarespace

-стои во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ ОК Делчево упатена во јавноста.

Креирано од:


Пренеси го гласот
HTML Image as link Интернет портал за афирмација на земјоделието
An image from Squarespace