Утринава на фејсбук се појавија фотографии од масовно угунати риби кои се забележани во атарот на Делчево. Од коментарите на граѓаните кои важат за познавачи на состојбите , може да се забележат револт и осуди до причинителот на оваа еколошка катастрофа, се до апели кон надлежните служби во Општината и државата за превземање на законски надлежности со цел за решавање на проблемот кој постои повеќе години наназад.
Од страна на поединци, информирани сме дека Градоначалникот на Општина Делчево за овој проблем неодамна бил директно запознаен со однесени мостри на увид во неговата канцеларија, така што решавањето на проблемот треба да започне од негова иницијатива како најповикан за здравјето на граѓаните во општината и воопшто животната средина во Општина Делчево.



СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Заложбите на градоначалникот на Берово Петар Ружински даваат резултати: Две нови големи инвестиции во Малешевијата за подобар стандард за сите беровчани
Нова перспектива за развој на локалната економија во Пехчево
Стоп за досегашната фушерајска изградба на градежни работи во Делчево