БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Ана Љубиќ: До сите жени

Пренеси го гласот

До сите жени

Смеј се, пеј, блескај Жено.

Но не само денеска, туку секој ден, не дозволувај да помине миг  а ти да не го опсипеш денот со блесок, не дозволувај денот да згасне  без твојата нежност.  Колку и да е тешко чекори исправено, не е лесно денеска, ниту пак утре ќе биде, но ти насмевни се.

Запомни дека не си роб , не си крпа, ниту пегла, а помалку пак фрижидер , сецко, вилушка и нож, машина за перење алишта, за миење садови, помошник во се, ти си жена.

Драги мои знајте ја вашата вредност и вашата цел, не се потценувајте, ниту пак паѓајте на еден убав збор само еден ден од 365 дена, нека црвената роза еднаш во годината не ви го прави розов животот, не залажувајте се по едно парче гардероба или накит, купено на трчање или од немај каде- да не сум со празни раце. Најубавиот подарок е оној кој сте го родиле, затоа и сме благословени и затоа и сме жени, најубавиот подарок можете и самата да си го купите,но не заборавајте на вниманието кое го заслужувате и барајте го секој ден а не само еден . Бидете убави сами на себе а потоа на другите, почитувајте се себеси за да и другите ве почитуваат, како вие се чувствувате и се гледате така и другите ќе ве гледаат. Не заборавајте дека постоите и дека  сте жена, не заборавајте зошто сте, кои сте и што можете ! ЖЕНАТА не е роб, жената не е предмет со кој некој лесно ќе си поигра! Дами мои не  заборавајте дека сте жена, занемарувајќи се себеси не станувајте партал… не , не се радувајте на овој ден, бидејќи се’ додека се радувате и очекувате нешто згаснувате во своја сенка… нека секој ден биде 8ми Март и ваш ден.

Овој ден нема да пеглам , овој ден ниту ќе готвам, ниту пак ќе го чистам купатилото…

Земете здив и пауза, погледни што направи во животот, одмори ги рацете, поткрени ги нозете, земи здив.

Наполни ја кадата, стави ја омилената купка, земи чаша вино  и уживај во тишината..

Не дозволувај да ја прекине -,, Што има за јадење”,  ,,Каде е чорапот”?

bregalnickimarketing

Не си чорапот , ниту робот за да знаеш и подаваш се

Продолжи… и ова нека стане твојата рутина.

Велат дека жената е како вино, колку е постара толку е подобра, а јас ќе кажам дека жената во секое време е жена, во секоја година е жена, посебна и поинаква.

Не заборавај на својата моќ, не заборавај на своите права, не гази по својот живот како да чекориш по стара и напуштена железничка, туку гледај на животот како вечна пролет во која ти си најубавиот цвет, гледај се како да  си сонцето, како да си мирна река, високата планина која гордо стои, гледај како да си трева која ја милува мајска роса, гледај се себеси поинаку, закачи си го сама орденот и не очекувај од никој благодарам, благодарам кажи си себеси за се’ што си, за се’ што работиш и правиш. Не колни  што си жена, покрај  сите маки сепак е убаво, а уште поубаво кога сите ќе научиме овој живот вистински да го живееме.

Пишува: Ана Љубиќ

Креирано од:


Пренеси го гласот