БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Ана Љубиќ: За моите родители

Пренеси го гласот

Секогаш пишувам за суровоста на животот, битката која ја биеме, за она што било , што ќе биде, некоја љубовна поезија, или љубов кон татковината, а сека сакам да кажам и напишам нешто поразлично.

Драги мои, МАЈКО, ТАТКО, ви благодарам што постоите, ви благодарам што постојам.

Можеби јас не сум совршеното дете, не сум ни малечкото дете, ниту палавото и секогаш расположено за играње.  Но знам дека за вас секогаш ќе сум малата разгалена, ваша сум , а вие мои, затоа благодарам .

Мојот живот не би можела да го замислам без вас, или со некои други луѓе.

Мојот живот со вас  е најубава скроена приказна, бидејќи сум дете изгаено со љубов.

Мојата најголема љубов сте ми вие, вие сте мои родители, мои пријатели, кои секогаш го мислат најдоброто за мене , зборуваат без престан , се тресат над мене, и посебно Мајка ми , ќе си дозволам да кажам , Миле Паника, која ако 5 минути ме нема го има скроено целото сценарио на еден лош филм во своја глава.

Знаете… благодарам што секогаш ме опсипувате со љубов, со среќа, долги прегратки, кикотење…

Вие сте моето се…

И да не сум совршеното и не можам да кажам дека ќе бидам… но без грижи ве молам , долг е патот по кој треба да чекориме, јас, и вие заедно.

Вие сте ми сонцето кое ме грее, мојата сакана приспивна песна, секогаш тука да ме насмеете но и да ме разбесните.  Со ваз го туркаме највисокиот ѕид и ја совладуваме секоја препрека на патото –живот.

Мојот живот сте вие, вашите раце, вашите очи, вашата насмевка после напорен ден,  вашата прегратка е моето најголемо богатство.

Ве разбеснувам и јас , не велам не, но да бидеме еднакви.

bregalnickimarketing

Знајте дека секој ваш збор се врежува во мене , и не е баш се како што изгледа, и не сум онаква каква ме гледате и не сум баш ладна , и незаинтересирана.

Јас не кажувам често дека ве сакам.

Ама не можам да ја опишам љубовта која ја чувствувам кон вас моја мајко, мој татко.

Колку вие за мене, толку повеќе јас се грижам за вашите раце, за вашето лице кога е скиснато, за вашиот лош ден поминат на работа, вашата замореност.

Ви се поклонувам , благодарам за се што правите за да бидам човек како што доликува, да бидам дел од совршеното, да бидам после вас , вашиот отслик, да сум едно ама вредено , тоа и сум .

Среќна сум кога и вие сте среќни,   ве сакам !

Автор: Ана Љубиќ

Креирано од:


Пренеси го гласот