БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Асфалтирање на локален патен правец во Костин дол во Македонска Каменица

HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт?
An image from Squarespace
Пренеси го гласот

Започна асфалтирањето на уште еден локален патен правец во населеното место Костин дол кон т.н. маало Папурица во општина Македонска Каменица. Станува збор за локален патен правец кој што е долгогодишо барање на граѓаните кои гравитираат кон овој дел од општината со чија изградба зачително ќе се подбри сообраќајната комуникација на самите граѓани.

Градоначалничката на општина Македонска Каменица Соња Стаменкова за реализацијата на овој проект упати свое соопштение во јавноста преку социјалните мрежи:

“Продолжуваме да градиме инфраструктура што ги поврзува луѓето и создава подобри услови за живот во секое населено место во Општина Македонска Каменица.

HTML Image as link НЕТКРИЕНО БОГАТСТВО ОД ТРАДИЦИЈА, ПРИРОДА, ИСТОРИЈА...
An image from Squarespace

Денес започна асфалтирањето на патот кон Папурица во село Костин Дол, уште еден значаен проект со кој решаваме долгогодишна потреба на жителите и вложуваме во подобра патна поврзаност на овој дел од општината.

Изградбата на квалитетна патна инфраструктура значи побезбедно движење, полесен пристап и подобри услови за секојдневниот живот на граѓаните. Затоа и понатаму остануваме посветени на реализација на проекти кои носат видливи резултати и трајни придобивки за нашите сограѓани.

Чекор по чекор, продолжуваме да инвестираме во развојот на Општина Македонска Каменица и во подобра иднина за сите наши населени места.”

-стои во соопштението на градоначалничката на општина Македонска Каменица Соња Стаменкова.

Креирано од:


Пренеси го гласот