БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Бројот 61 во ова наше современие содржи јасна и гласна Македонска порака!

HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт?
An image from Squarespace
Пренеси го гласот

За да тргне Македонија напред бројот 61 е од базично значење како никогаш до сега.

Бројот 61 е нашиот завет, нашата вистина и нашата цел.

Никој во минатото не успеал да порази обединет народ! Само обединет Македонскиот народ може да се избори за својата подобра иднина како горди Македонци, свои на своето.

HTML Image as link НЕТКРИЕНО БОГАТСТВО ОД ТРАДИЦИЈА, ПРИРОДА, ИСТОРИЈА...
An image from Squarespace

Во минатото се изнагледавме секакви шарлатани, измамници, профитери, куклавици, кодоши, предавници на Македонската политичка сцена.

Конечно Македонија и Македонците имаат можност да застанат строго и стаменито еден до друг, во секое село во секој град, насекаде во Македонија и во светот, за да му објасниме на цел свет за нашата вистина: Ние постоиме!

Никој не може да одлучува за Македонската судбина освен самите Македонци!

Наредните неколку месеци ќе се изнаслушаме повторно многу лаги, многу ветувања, популизам, изблици на ниски морални страсти… Ќе дојдат политички-преметари кои ќе нудат пари, слава, моќ, во име на државата и институциите…. Моја порака за сите што ќе дојдат во допир со такви појави е да се справат со истите како најдобро знаат и умеат… Тоа што ќе ви го нудат е секако ваше-наше, на целиот Македонски народ, зошто е платено, купено и создадено од потта на секој нас поединечно. Тој начин на политичка злоупотреба на институциите е КРИВИЧНО ДЕЛО, коа ако не се бориме против него ќе биде причина за понатамошна Македонска деградација. Секој Македонец знае што е правилно и исправно. Ние Македонците сме корифеи на вистината, светилници во темнината, наша обврска и должност, но и чест и гордост е да се бориме против сите пакости, против сите погани исти, против нечестивите и валканите. Токму тоа им е целта на сите грабливци надвиснати над Македонија, да го уништат Македонското во нас, да ја згаснат и заробат вистината.

На Македонецот не му е потребно пропаганден мегафон да му каже што треба да направи на 8 мај. Секој граѓанин на Македонија чувствува и знае која е единствената сила која што може да го обедини овој народ во една голема заедничка победа која што пред лицето на историјата ќе грмне за век и веков: ОВА Е МАКЕДОНИЈА, НИЕ СМЕ МАКЕДОНЦИ!

Мојот избор базиран на мојата интимна верба, знаење, концентрирано искуство и визија за иднината е токму бројот 61.

Шеесет и еден пратеник зад силата и моќта на ВМРО-ДПМНЕ, за да и тргне на Македонија кон подобро.

Дали ќе биде лесно? НЕ! Тешкото следува после 8 мај.

Но покрај вистината и нашите идентитески вредности Македонците се познати по својата трудољубовост, истрајност, тврдоглавост.

И знам дека ќе успееме! Верувам дека ќе успееме да се обединиме во име на силата и моќта која од памтивек опстојува на оваа Македонска земја.

Нашата модерна борба е борба на креација и создавање, визија, натпревар на идеи, знаење и соработка.

Само ние како граѓани на Македонија можеме да си помегнеме едни на други а со тоа и да си помогнеме себеси.

Каменот тежи на своето место, во својот дом, покрај дедовото огниште. Растури го огништето ветришта и студови ќе не проголтаат. Парите се печалат и се трошат. Она што останува вечно е заедништвото, меѓусебното разбирање и толеранција. Тоа е нашето најсилно оружје против сите проби-светови кои доаѓаат тука да ни глумат светци за наше добро кога само и единствено одработуваат за нивните интереси.

Пак ќе повторам, Македонецот има сила сам да се избори за својата подобра иднина. Кога свето ќе согледа обединет народ наспроти себе, ќе застане молкум и со почит, зошто верувајте тоа е она што му треба на тој свет во овие мрачни времиња на безумие…

Нашето обединување зад бројот 61 нема да значи само победа за ВМРО-ДПМНЕ! Тоа ќе биде победа на Македонскиот народ кој низ призмата на Македонскко Национално Единство со Демократски сретства да ја испишеме историјата на ова наше време во кое живееме! Бројот 61 ќе биде и силна порака на народот за идната власт предводена од луѓето кои што знаат и умеат да испорачаат тоа што ќе го ветат!

Јас не се сомневам во намерите, знаењето, разумот и енергијата на Христијан Мицкоски, а уште помалку на тимот на млади и високопрофесионални горди и достоинствени Македонци!

Бројот 61 е она што е потребно на Македонија за наредните 4 години за да повторно се почувствуваме горди Македонци!

Со мудрост и Божја промисла верувам дека ќе успееме како народ да ја одбележиме иднината преку дела за подобра иднина на Македонскиот народ.

Вечна нека е Македонија!

#ШеесетИеденПлус

Пишува: Kircho Anastasov

Креирано од:


Пренеси го гласот
HTML Image as link Интернет портал за афирмација на земјоделието
An image from Squarespace
HTML Image as link Ваша идна дестинација за посета
An image from Squarespace