Пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ Драган Ковачки со свое соопштение во јавноста алармира за започната и стопирана истрага на јавното обвинителство во врска со милионска набавка на градежни машини за потребите на Министерството за одбрана и армијата:
“Се сеќавате ли на набавката на инженериските машини за потребите на АРМ за чија набавка објавувавме дека има пљачка на народни пари во времето на Радмила Шекеринска?
Од свиркачи во МО сме известени дека Јавното обвинителство работело на милионскиот предмет за набавки, односно дека и соодветна документација од МО веќе е одземена. Значи случајот кражба на пари од војската од пред 2-3 месеци од страна на ЈО бил активиран, но од пред некој ден истиот е запрен. (?!!)
Кој е толку моќен да запре истрага за злоупотребите од страна на поранешната министерка, останува да одговори јавниот обвинител Јовевски.
Вака ли ќе го развива националниот фронт за борба со корупцијата што го најави и зошто на крај на мандант попушта под притисок на Шекеринска, Славјанка Петровска или други структури?
Овој случај мора да се расчисти не само заради одговорноста на Шекеринска, туку затоа што голем дел од тие машини веќе сега се неисправни односно се неупотребливи, односно ги има на хартија, а во пракса скапуваат под хангар.
За жал, јасно е како ќе заврши. Како и се’ досега.
Сегашната 1% доверба во ЈО, на следното мерење ќе биде во негатива.
Одговорност порано или покасно ќе има, вклучително и за тие што вршеле притисок и за тие што потпаднале под притисокот и не си ја сработиле работата за која се платени.”
-стои во соопштението упатено до јавноста на пратеникот Драган Ковачки од редовите на ВМРО-ДПМНЕ.

СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Делегација на МВР учествуваше на 15. конференција на ИНТЕРПА во Доха, Катар
Министерот Клековски ги прими новоименуваните директори на три универзитетски клиники
По измените во проектната документација – продолжуваат градежните активности на Домот за стари лица во Кочани