До редакцијата на нашиот портал пристигнаа скандалозни информации од загрижен граѓанин кој што сака да остане анонимен.
Станува збор за извадоци од комуникација во вибер група именувана како “КАПИТЕНИ 2 2024” во која според доставени принт скрин може да се види дека има 162 луѓе.
Во комуникацијата може да се види меѓу другото и порака упатена од извесен Дејан Маринковски кој на членовите во групата им поднесува извештај
“У МИНТ СЕДАТ СОМНИТЕЛНИТЕ ЛИЦА ШТО НЕ СЕ ОД КАЈ НАС
СО ЦАНЕ КАРАТИСТОТ СЕ”
Во групата може да се видат имињата на Љупчо Николовски како и името на Командирот на полицијата во Крива Паланка.
Следењето на граѓани а особено во предизборен период и во функција на остварување политичка профите од страна на службени лица од полиција е злодело против фундаменталните човекови права и слободи.
Дали надлежните институции ќе остана неми и слепи на ваквите информации?
СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Општина Кочани објави Јавен повик за ангажирање 20 пожарникари
Амбасадорот на Чешка во посета на Кочани
Лишен од слобода возач од Пробиштип, управувал возило под дејство на алкохол