БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Договорот на Артан Груби и Ковачевски со Бехтел и Енка подразбира воведување робовладетелство во Македонија во 21 век

HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт?
An image from Squarespace
Пренеси го гласот

Во своето гостување во емисијата “Заспиј ако можеш” на ТВ АЛФА, потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Александар Николоски зборуваше за штетноста на Договорот кој што владата на Димитар Ковачевски и Артан Груби го има потпишано од име на граѓаните со Бехтел и Енка за изградба на Коридорите 8 и 10а од повеќе аспекти.

Николоски изнесе документ во јавноста за кој посочи дека е дел од потпишаниот Договор кој што Артан Груби и Ковачевски го кријат од Македонската јавност по секоја цена а за кој кажа дека до него е доставен од страна на укажувач кој што се повикува на соодветниот закон за укажувачи со цел да се заштити јавниот интерес на граѓаните на Македонија.

Во документот Николоски посочи дека е наведено дека владата превзела обврска да го промени законот за работни односи и наместо 40 часа работно неделно време работниците на трасата ќе може да работат 60 часа во текот на една недела што споредбено со француските 34 работни часови во неделата е разлика за 26 часа.

HTML Image as link НЕТКРИЕНО БОГАТСТВО ОД ТРАДИЦИЈА, ПРИРОДА, ИСТОРИЈА...
An image from Squarespace

На ваков начин владата превзела обврска со други зборови да воведе своевидно робовладетелство за работниците кои што ќе работат на оваа траса за да се изгради во предвидениот рок од 4 години и 7 месеци планираната траса.

Оваа спорна шокантна одредба која е содржана во документот кој што го презентираше Александар Николоски се судрува со уставот на државата и е дел од и онака хаотичната состојба во сите сфери на нашето општество.

Целата емисија со други дополнителни шокантно-спорни точки од документот кој што според Николоски е потпишан со странската компанија погледнете во видеото во продолжение:

Креирано од:


Пренеси го гласот
HTML Image as link Интернет портал за афирмација на земјоделието
An image from Squarespace