Запуштениот објект во центарот на Штип кој што во едни дамнешни времиња имал важна улога во секојдневието на штипјани, повторно ќе заживее и тоа во најсовремени естетски и функционални содржини.
Спортскиот центар Џексон ќе прерасне во мултинаменски спортски центар со капацитет од 1000 гледачи како и опрема и содржини кои што ќе го претворат во модерен спортски центар за сегашните и идните генарации штипјани.
“Спортскиот центар Џексон ќе добие нов и модерен изглед!
Во срцето на Штип ќе направиме затворен спортски центар со капацитет на трибини за 1000 гледачи, модерни услови за натпреварувачите и извонредна содржина за сите граѓани.
За една година ќе заборавиме на запуштениот спортски терен, кој е дел од историјата на нашиот град, затоа што веќе интензивно работиме на нов проект!
Ова е новата иднина на Штип!”
-најави градоначалникот на општина Штип Иван Јорданов.


СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Товарно возило удрило во мопед на магистралниот пат Штип-Делчево
Во ритамот на пијаното – најава за концерт на младата пијанистка Јулијана Јанев во Кочани
Експлозија на ел. бојлер во викенд куќа во Равна Река, пехчевско причина за повреда на 42 гидишна жена од Штип