БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Драган Ковачки: Власта ја има апсолутната моќ со сериозни елементи на автократија во државата

HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт?
An image from Squarespace
Пренеси го гласот

По одлуките на Гувернерот на Народната банка на Република (терминот на с) Македонија за печатење на нови банкноти со терминот на с во името на Република Македонија, со своја реакција во јавноста се јави Драган Ковачки.

Тој ја осудува оваа постапка на властите како алиби за негирање на националното и човечкото достоинство во несоодветен момент на прогласена Вонредна состојба ја оквалификува како мотив зад кој можеби се кријат други намери на властите.

Целиот став на Драган Ковачки во врска со ова болно прашање за целокупниот Македонски народ го пренесуваме во продолжение:

HTML Image as link НЕТКРИЕНО БОГАТСТВО ОД ТРАДИЦИЈА, ПРИРОДА, ИСТОРИЈА...
An image from Squarespace

“Повторно вонредната состојба се користи како покритие за носење на одлуки кои го негираат националното и човечкото достоинство. Со последната одлука за печатење на пари со зборот на С пред Македонија, уште еднаш докажуваме дека не сме созреани да ја сфатиме магнитудата на повеќеслојното девастирање кое и’ претстои на Македонија.
Во ниту еден случај, а особено сега кога власта ја има апсолутната моќ со сериозни елементи на автократија, не смееме да дозволиме партиската агенда да биде над државната.

Сепак, имајќи во предвид дека економијата ни е скоро речиси пред колапс, се поставува прашањето дали можеби позади печатењето на пари се крие нешто друго, а зборот на С е намерно пуштен во оптек како покритие за расправа на широките народни маси.

Јас ги поддржувам сите мерки кои носат бенефит за граѓаните, посебно оние кои се однесуваат на заштита на животот и здравјето, но мислам дека последните одлуки со печатењето на пари со несреќната кованица не се во таа насока. Крајно време е власта да ја сфати сериозноста на ситуацијата.”

https://www.facebook.com/110023243955142/posts/124507252506741/

Креирано од:


Пренеси го гласот