БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Единствена одбрана од катастрофалните последици на еден земјотрес се инжинерите! Каква е состојбата во Македонија?

Пренеси го гласот

Состојбата во градежништвото во Македонија е повеќе од загрижувачка. И ваквата неповолна состојба не е само ограничена на нашата држава, туку е присутна и пошироко на Балканот.

Можеби работите во удобните висококатници во урбаните богатства на Скопскиот бизнис шарм изгледаат совршено, но од поприземните групации на луѓе во експертските кругови воопшто ваквата состојба не е таква. И тука може да се набројуваат бесконечно причини зошто е тоа така, но во крајни линии проблемот се сведува на доследно (до крај) спроведување на воспоставените норми, закони, пракси во современиот инжинерски свет.

Македонија после земјотресот во 1963 година може да се пофали со нагорна линија на развој на човечкиот интелектуален потенцијал од областа на градежништовто. Но со осамостојувањето повторно беше создаден вакум простор во работата на градежниот сектор, не поради недостигот на квалитетни инжинерски кадри туку, најмногу поради имплементацијата на неопходните стандарди и законска регулатива во оваа област.

Друго прашање е застареноста на методологијата и технологијата на имплементација на тие стандарди, како и игнорантскиот однос и понекогаш немоќта на учесниците во овој сектор во економско-правните реперкусии кои се рефлектираат на градежниот сектор.

Цивилните механизми и развој на државата отсуствува наголемо во областа на градежништвото. Да, за тоа можеби се највиновни инжинерите, но недостигот на политичка визија и репресијата на политиката во сите сфери на живеењето на Македонските граѓани има свој огромен удел во ваквата поставеност на нештата.

И кога дојде до она најлошото тогаш се буди алармот и потребата за подигање на свеста на општеството за причините и последиците кои доведуваат до вакви трагедии како што се жртвите и големата материјална штета од земјотресот во Албанија.

И повторно во јавноста поголем акцент се свртува на последиците отколку причините.

Ретки се оние кои алармираат за реалните причини поради кои е дојдено до ваквата катастрофа и загуба на човечки животи.

Еден од оние кои директно и без пардон реагираше во оваа насока е архитектот Небојша Глишиќ од Белград.

Во продолжение ја пренесуваме неговата реакција на социјалните мрежи поврзана со трагедијата во Албанија:

Во првите три фотографии е отсликаnа целата моја децениска борба со аматерите во работата, со алчност, бедните штедења во арматурата, фиксаторите, сеизмичките платна…

-вели белградскиот архитект Небојша Глишиќ, кој споделувајќи ги фотографиите од новоизградените згради кои се урнаа во земјотресот кој ја погоди Албанија, укажа колку слични трагедии може да се спречат, доколку се работи по пропис.

Милион пати сум се сретнал со тоа прашање: Зошто толкава арматура и бетон? Еве зошто. Не се случува секој ден, но кога ќе се случи, носи човечки живот и прави неизмерна штета. Да се работеше по прописи, сите овие згради, повредени и мртви во нив би биле живи и здрави. Освен ситни пукнатини и испаднати работи по станот и куќата, ништо посериозно не би се случило. Денес би имале и дом и живот.

Првата слика зборува како потполно нов објект потклекна под тежината на спратовите, евидентно без адекватни сеизмички платна, хоризонтални и вертикални армирани бетонски фиксатори, кои би ги прифатиле моќните сили на земјотресот…само се склопи…како што може да се склопат спратови на старите објекти на кои се наѕидани силни спратови. Залудни се арматурата и бетонот горе, кога колената доле се тенки.

На втората и третата слика се гледа како се рушат агли на зградата во очигледен недостиг на армирани бетонски серклажи. Одбив неброено пати да учествувам  во проектите на беспотребно надградување, бидејќи она што може да се случи, јасно е како ден. Кога ќе се вклучи таа сорта на луѓе која ги реализира, а морал и образот одамна им исчезнал, опиени со профит, ваквите слики се неизбежни. Редовно ги прашувам, дали помислуваш дека твоето дете или внуче е отидено кај другарче на гости во тоа што си го склепал и се случува земјотрес…и до крај на животот живееш со сознанието дека си ги убил поради четири шипки арматура Р14 и малку бетон,

пишува архитектот Глишиќ.

Дополнително во продолжение пренесуваме уште една реакција која барем во мал дел ја идентификува состојбата во овој сектор во Македонија:

Последниот катастрофален земјотрес во соседна Албанија е тешко и громогласно предупредување за сите во Република Македонија.
Нашата држава се наоѓа во идентификувано и потврдено трусно подрачје кое подложи на постојани потреси на земјата.
Единствена одбрана против ваквите катастрофални последици олицетворени во жртвите во Албанија е ИНЖИНЕРОТ.
Да почитувани мои… се сеќавате ли на професијата инжинер? Оние ретки поединци кои од љубов кон науката одат да студираат архитектура и градежништво а кои живеат отфрлени од системот со мизерни плати со кои не може да се преживее и затоа што не дозволуваат некој лепач на плакати да им соли памет?
Се додека во државата правници и економисти кажуваат што може и каде да се гради се дотаму ќе наидеме на удар на вакви опасности.
Од друга страна тоа што сме малкумина не ни дава за право да се повлечеме од борбата против наездата на аматеризмот, незнаењето и игноранцијата!

-пишува Анастасов Кирчо.

Креирано од:


Пренеси го гласот