БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Елка Јачева- Улчар: ХРОНОЛОГИЈА НА САМОУНИШТУВАЊЕТО МАКЕДОНСКО (со помош на лаги, релативизации и секс у здрав мозок)

HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт?
An image from Squarespace
Пренеси го гласот

Прво НЕМАШЕ бинационална држава. И двојазични табли по цела територија.

Потоа ИМАШЕ. Апологетите на власта и релативизаторите беа гласни. Тие што кажавме – не на таков Закон за јазиците – бевме прогласени за националшовинисти и „одработувачи“ за ВМРО. И Венецијанската комисија го кажа истото што и ние неколкумина го кажувавме – ама бадијала. Зашто, нели, „никој нема право да му го ускратува правото на другиот да зборува на својот мајчин јазик“ – како што објасни една моја „колешка“ и важна фаца кај власта – за тоа колку е „добар“ Законот за јазиците.

Потоа дојде Преспанскиот договор. Со кој „никој не може да ми каже во дневната соба како да ѝ се обраќам на сопругата“. Па и тоа бидна. Имало!

HTML Image as link НЕТКРИЕНО БОГАТСТВО ОД ТРАДИЦИЈА, ПРИРОДА, ИСТОРИЈА...
An image from Squarespace

Па дојде Референдумот. Цели 6 месеци видни граѓани од „популацијата што ја населува Република Северна Македонија“ секој ден ни кажуваа каков рај ќе станеме кога ќе си го смениме името. И дека Македонец и македонски јазик е забетониран. Ама само во државните рамки. Во Егејска Македонија „живеат една КАТЕГОРИЈА граѓани (што според мене значи подведување под „социјална“ група, а не етничка) што зборуваат јазик различен од грчкиот.“ И дека „името па и не е дел од идентитетот“. „Ако сакаат и Земјанка нека ме викаат само во ЕУ да одиме “. Вечерта на 30 септември лицето ЗЗ рече дека Референдумот бил неуспешен. Сабајлето веќе беше успешен. Сред грчка телевизија кажа и дека сме ние, граѓаните на Република Северна (ова со посебен акцент) Македонија, – КРАДАЧИ (не крадци) на туѓа историја. И „нема да ме скарате вие со моите пријатели Грци“. (Ама својот народ уживаш да го раскараш! – забел. моја). Апологетите на власта и релативизаторите беа уште погласни. Сите што не се согласија со нивните „бајки“ беа неписмени, назадни, небањати… и пак одработувачи за ВМРО. (Квалификативите на новинарот БТ – нема да ти ги кажам, срам ми е!)

Потоа добивме упатство за употреба на придавката „македонски“. Прилично ограничена. Таа може да биде само за македонски јазик и за Македонски народен театар – зашто има Турски театар и Албански театар. Во секој друг случај за македонски ќе користите „национален“ или новоизмислениот македонски генитив „на Република Северна Македонија“. (Овде не сум докрај прецизна – уште не сфаќам каде смеам а каде не смеам да ја употребам придавката „македонски“.)

Потоа во октомври лани дојде Декларацијата од Бугарско собрание. Апологетите на власта и релативизаторите го одмолчаа. Исто како што го одмолчаа и потпишаното во Брисел пред 1 месец. Во кој нема ни „м“ од Македонец и македонски јазик. Наспроти тоа има: популација (дури не ни граѓани) што користи „јазична норма што е официјален јазик на Република Северна Македонија. Од пред 3 дена една мала група од нив го започнаа „валканиот танц“ со лицето ББ. Пак, се јавија група релативизатори и апологети на власта да ни кажат дека „добрите ни соседи“ имаат право. Па дури дека бодигардон на Жељу Желев бил господин човек. А ни Македонците сме глупи, тупи и прости. Багра. Да – и дека ние Македонците сме ФАЛСИФИКАТОРИ на историја. Најголемата група од нив сега молчат. Се занимаваат со поважни работи како што се: садење цвеќиња и зеленчук, гргарање разноразни напивки за спас од корона…
Еве, вака, некако се обидов во кратки црти да ѝ одговорам на една горда Исланѓанка – што се случува таму долу кај вас? Потоа следуваше следното прашање: – Што прави вашата Влада? Народот?
– Владата блеска, аминува, црното го прави бело накај розово. Народот главно молчи. И чека да помине короната за да оди на скара у кафана, а побогатите на море – ѝ одговорив.

Креирано од:


Пренеси го гласот