БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Градоначалникот на Виница Миле Петков го презентираше отчетот за првите 365 денови од неговиот мандат

Пренеси го гласот

Додека градоначалниците на СДСМ се кријат во своите кабинети и партиски трибини избегнувајки секаков контакт со граѓаните каде што ќе се развие дискусија за трошењето ан парите од јавните буџети, градоначалниците на ВМРО-ДПМНЕ отчетно и одговорно се постојано помеѓу граѓаните и даваат отчет постојано за својата работа. Таков беше случајот по истекот на првите 100 денови од мандиатите на градоначалниците на ВМРО-ДПМНЕ кога тие дадоа отчет за својата работа. Сега по истекот на една година од мандатот на градоначалниците тие на полиотички саем организиран од ВМРО-ДПМНЕ тие го публикуваа својот отчет ред граѓаните.

Градоначалникот на општина Виница Миле Петков е еден од најуспешните градоначалници кој што во рамки на првиот политички саем на ВМРО-ДПМНЕ ги промовиреше проектите реализирани за граѓаните на Виница и сите населени места во општината.

[Best_Wordpress_Gallery id=”177″ gal_title=”365 дена Промени што носат иднина : Миле Петков- Градоначалник на Виница”]

“Почитувани сограѓани,

Една година откако ми ја дадовте довербата да ја водам Општина Виница сакам уште еднаш да Ви се заблагодарам на вашата поддршка.

🔙 Изминатите 365 дена заедно со мојот тим, општинската администрација и општинските јавни претпријатија работевме дисциплинирано, домаќински и вредно во исполнување на проектите и ветувањата кои ги имаме како обврска кон Вас граѓаните.

👉Едно од тие ветувања беше дека во 21 век во Општина Виница нема да има место за непотизам, клептократија и клиентелизам, за кои со одговорност тврдам дека веќе се минато.

👉 Ветивме и тоа го покажавме, дека ќе работиме транспарентно и отчетно, а граѓаните секогаш ќе знаат што работи градоначалникот и како се трошат општинските буџетски пари.

⚠️ Од самиот почеток кога стапив на функцијата градоначалник, општината ја затекнав со вкупен долг од 55 милиони денари и Јавно претпријатие со долг од 23 милиони денари.

👉 Со напорна работа и одговорно работење, без било каква помош од државата и во услови на енормно зголемени сметки за електрична енергија успеавме за една година да го намалиме долгот на Општина Виница за 8 милиони денари.

Во една од најтешките години за локалните самоуправи, година на постковид ситуација, година на војна во Европа и голема енергетска и економска криза, успеавме да ги реализариме следниве проекти:

✅ ️АСФАЛТИРАЊЕ НА УЛИЦА ВО НАСЕЛБА ГРАДЕЦ

✅ РЕКОНСТРУКЦИЈА НА УЛ. „КИРИЛ И МЕТОДИЈ“

✅️ РЕКОНСТРУКЦИЈА НА ДЕЛ ОД УЛ.„НИКОЛА КАРЕВ“

✅️ НАБАВКА НА ПРОТИВПОЖАРНО ВОЗИЛО ЗА ПОТРЕБИТЕ НА ТППЕ ВИНИЦА

✅ ️ДОРЕГУЛАЦИЈА НА РЕЧНОТО КОРИТО НА ГРАДЕЧКА РЕКА

✅️ СКЛУЧИВМЕ ДОГОВОР ЗА РЕКОНСТРУКЦИЈА НА УЛ. “АНГЕЛ ВИНИЧКИ, АСФАЛТИРАЊЕ НА ДЕЛ ОД УЛ. “КИРИЛ И МЕТОДИЈ, АСФАЛТИРАЊЕ НА 2 УЛИЦИ ВО С.БЛАТЕЦ, 2 УЛИЦИ ВО С.ГРАДЕЦ И КРПЕЊЕ НА УДАРНИТЕ ДУПКИ ВО ГРАДОТ.

✅ РЕКОНСТРУКЦИЈА НА МАГИСТРАЛЕН ПАТ ВИНИЦА-ПРЕВАЛЕЦ

✅ ИЗГРАДБА НА ТРОТОАР НА УЛ. “НИКОЛА КАРЕВ”

✅ ИЗГРАДБА НА ТРОТОАР НА УЛ. “ЈАНЕ САНДАНСКИ”

✅️ ИЗГРАДБА НА ТРОТОАР НА ВЛЕЗОТ ВО С.ЈАКИМОВО

✅️ ПОПЛОЧУВАЊЕ НА УЛИЦА ВО С.ИСТИБАЊА

✅️ ИСЧИСТЕНА И ДИСЛОЦИРАНА Е ДЕПОНИЈАТА ВО С.БЛАТЕЦ

✅ САНАЦИЈА НА ДЕПОНИЈАТА ВО С.ЛЕСКИ

✅ ВО ТЕК Е ИЗГРАДБА НА ЗАТВОРЕН ГРАДСКИ ПАЗАР ЗА КОЈ ОВАА ГОДИНА ОДВОИВМЕ 4.000.000 ДЕНАРИ

✅ ВО ТЕК Е РЕКОНСТРУКЦИЈА НА

СТАРАТА КИНО САЛА ЗА КОЈ ОВАА ГОДИНА ОДВОИВМЕ 1.100.000 ДЕНАРИ

✅️ ЗАМЕНЕТА Е ЕЛЕКТРИЧНАТА ИНСТАЛАЦИЈА ВО ОБЈЕКТ 1 ПРИ ОЈУГД “ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ”

✅️ НАБАВЕНИ СЕ НОВИ ИГРАЧКИ И ДИДАКТИЧКИ МАТЕРИЈАЛИ ЗА ПОДОБАР ДЕТСКИ РАЗВОЈ ВО ДВАТА ОБЈЕКТА ВО ГРАДОТ И ОБЈЕКТИТЕ ПРИ ОЈУГД “ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ” ВО ИСТИБАЊА, БЛАТЕЦ И ТРСИНО

✅ ЦЕЛОСНО Е СМЕНЕТ ПОДОТ ВО ЈАСЛЕНИОТ ДЕЛ, РЕКОНСТРУИРАНА Е ДЕЛ ОД КРОВНАТА КОНСТРУКЦИЈА И НАБАВЕНА Е БЕЛА ТЕХНИКА(МАШИНА ЗА ПЕРЕЊЕ, МАШИНА ЗА СУШЕЊЕ И ПРАВОСМУКАЛКА) ВО ОБЈЕКТ 2 ПРИ ОЈУГД “ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ”

✅️ ВО ТЕК Е ИЗГРАДБА НА ТЕРАСИ ОД СЕКОЈА СОБА ВО ЈАСЛЕНИОТ ДЕЛ, ТАМПОНАЖА, МЕК ПОД,ПОКРИВАЊЕ И ОГРАДУВАЊЕ СО ИНОКС ОГРАДА И СКЛУЧЕН Е ДОГОВОР ЗА ЦЕЛОСНА РЕКОНСТРУКЦИЈА ТОАЛЕТИТЕ ВО ОБЈЕКТ 2 ПРИ ОЈУГД “ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ “ПРИ ОЈУГД “ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ”

✅ ВО ТЕК Е ТЕНДЕРСКАТА ПОСТАПКА ЗА ПОСТАВУВАЊЕ ПАРНО ГРЕЕЊЕ ВО ОБЈЕКТОТ ВО ИСТИБАЊА ПРИ ОЈУГД “ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ”

✅ ОБЕЗБЕДИВМЕ ИНФОРМАТИЧКА, ВИДЕО И АУДИО ОПРЕМА СО КОЈА ОВОЗМОЖИВМЕ ВИДЕО ПРЕНОС НА СЕДНИЦИТЕ НА СОВЕТОТ НА ОПШТИНА ВИНИЦА

✅️ ИЗВРШЕНА Е РЕКОНСТРУКЦИЈА НА УЧИЛНИЦИТЕ ЗА ЕДНОСМЕНСКО РАБОТЕЊЕ НА ОУ “СЛАВЧО СТОЈМЕНСКИ”

✅ НАБАВЕНА Е ИНФОРМАТИЧКА ОПРЕМА, НАСТАВНИ СРЕДСТВА, ДИДАКТИЧКИ МАТЕРИЈАЛИ, ОПРЕМА ЗА ОДРЖУВАЊЕ НА ЗГРАДИ И СРЕДСТВА ЗА ЗАШТИТАТА ВО ОУ “СЛАВЧО СТОЈМЕНСКИ”

✅️ ОПРЕМЕН Е КАБИНЕТ ПО ПРИРОДНИ НАУКИ ВО ОУ “СЛАВЧО СТОЈМЕНСКИ”

✅️ ВО ТЕК Е ТЕНДЕРСКА ПОСТАПКА ЗА ПОСТАВУВАЊЕ ПАРНО ГРЕЕЊЕ ВО ПОУ “ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ, ИСТИБАЊА

✅ ОТВОРЕНА Е СЕНЗОРНА СОБА ВО ОЈУГД „ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ”

✅ РЕКОНСТРУКЦИЈА НА САНИТАРНИТЕ ЈАЗЛИ ВО СОУ „ВАНЧО ПРЌЕ”

✅️ ИЗГРАДЕН Е ПОТПОРЕН ЅИД НА УЛ. “ИВО ЛОЛА РИБАР”

✅ ДО КОНЕЧНА РЕАЛИЗАЦИЈА ГО СПРОВЕДОВМЕ ПРОЕКТОТ “ОБЕЗБЕДУВАЊЕ НА ПРИСТОЈНИ УСЛОВИ ЗА ДОМУВАЊЕ ЗА РОМСКАТА ЗАЕДНИЦА ВО ОПШТИНА ВИНИЦА“ И ГИ ИСПЛАТИВМЕ ОБВРСКИТЕ НА ОПШТИНАТА ВО ИЗНОС ОД 800.000 ДЕНАРИ

✅️ ИЗГРАДБА НА ФЕКАЛНА КАНАЛИЗАЦИЈА НА УЛ. „КРУШЕВСКА РЕПУБЛИКА“

✅ РЕКОНСТРУКЦИЈА НА ВОДОВОДНА МРЕЖА ВО С.БЛАТЕЦ

✅️ РЕКОНСТРУКЦИЈА НА ВОДОВОДНАТА МРЕЖА НА УЛ. „ПАРТИЗАНСКА“, УЛ. „ХРИСТО

УЗУНОВ“ УЛ. „ГЛИГОР ПРИЛЧЕВ“

✅️ РЕКОНСТРУКЦИЈА НА ДЕЛ ОД КРОВОТ

НА ОПШТИНСКАТА ЗГРАДА

✅️ ДОДЕЛИВМЕ ФИНАНСИСКА ПОМОШ НА

МЕСНИТЕ ЗАЕДНИЦИ И ЦРКОВНИТЕ ОДБОРИ ВО ВИСИНА ОД 750.000 ДЕНАРИ

✅️ МАКСИМАЛНО СЕ ПОСВЕТИВМЕ И НА ДОНЕСУВАЊЕТО НА ДЕТАЛНИ УРБАНИСТИЧКИ ПЛАНОВИ ЗА ДЕЛОВИ ОД ГРАДОТ И НАСЕЛЕНИТЕ МЕСТА

✅️ РАБОТЕВМЕ И НА ДОНЕСУВАЊЕ НА ПРОЕКТНИ ДОКУМЕНТАЦИИ ЗА ГОЛЕМ БРОЈ НА ПРОЕКТИ ЗА ШТО ОБЕЗБЕДИВМЕ 5.000.000 ДЕНАРИ

✅️ ДО КОНЕЧНА РЕАЛИЗАЦИЈА ГО ДОВЕДОВМЕ И ПРОЕКТОТ ДОГРАДБА НА ФИЛТЕР СТАНИЦА ЗА ВОДА ВО ВИНИЦА

✅ ЗА ПОДДРШКА ЗА КУЛТУРАТА ОБЕЗБЕДИВМЕ 1.810.000 ДЕНАРИ

✅️ ЗА ПОДДРШКА ЗА СПОРТОТ ОБЕЗБЕДИВМЕ 3.380.000 ДЕНАРИ

✅️ ЗА СУБВЕНЦИИ И ПОДДРШКА НА

СЕМЕЈСТВА И ГРАЃАНИ ОБЕЗБЕДИВМЕ 1.000.000 ДЕНАРИ

Почитувани,

Истовремено работиме на сите приоритетни(капитални) проекти од изборната програма и на огромен дел од останатите проекти кои ги ветивме.

За крај само сакам да Ви ветам дека ќе продолжиме да работиме со уште посилно темпо и сето она што го ветивме пред една година, до крајот на мандатот да го реализираме во целост.”

-соопшти градоначалникот на Вница Миле Петков.

Креирано од:


Пренеси го гласот