БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Христијан Мицкоски: Наметнувањето на темата “амнестија” личи на местенка од власта, наметната со типично удбашки методи

HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт?
An image from Squarespace
Пренеси го гласот

На денешната прес конференција претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски ја разоткри аферата преку која актуелната власт сака да го скрене вниманието на јавноста од актуелните погубни политики што ги спроведува Зоран Заев и СДСМ, со наметнување на тема “амнестија” со класично удбашки методи.

Македонија се гуши во силни криминални стеги. Секоја пора во општеството е силно криминализирана, преку активно учество на власта. Нема граѓанин кој не е согласен со фактот дека криминалците остануваат неказнети и дека нема правда. А, отсуството на правда значи присуство на неправда. Сето ова покажува дека нема правен систем кој ќе се спротивстави на криминалниот октопод кој силно ја гуши Македонија,

-ја започна својата прес конференција Христијан Мицкоски.

Потоа ги повика сите прогресивни сили во државата да се спротивстават на ваквата катастрофална состојба:

HTML Image as link НЕТКРИЕНО БОГАТСТВО ОД ТРАДИЦИЈА, ПРИРОДА, ИСТОРИЈА...
An image from Squarespace

Оваa битка не е само моја, ниту само на ВМРО-ДПМНЕ, туку и на секоја слободна индивидуа во земјата, на професорите, интелектуалците, работниците, земјоделците, докторите, академиците, но и на новинарите. Затоа што и вие од фелата знаете дека имаме работа со голема корумпирана фабрика, составена од мал број платени пера, а ставена во функција на оттргнување на вниманието од вистинските проблеми и афери. Погледнете ја последната афера „Вирус“, каде бизнисмен јавно признава дека од Агенцијата за лекови му било барано мито за да може да увезува лек, а имаме целосен молк од државата. Владата целосно молчи, ама молчат и најповиканите во земјава, органите на прогонот и обвинителството. Пред очи ни се случуваат скандали и матни тендери, и не само што нема обвинение, болката е што нема ниту истрага. Секоја нова афера и скандал е поголем од претходниот.

Мицкоски оценува дека ова е тема која исклучиво му одговара на Заев и СДСМ, за да се вратат старите теми и да не се одговара за актуелните скандали.

-Да разбуди чувство и сентимент кај оние кои бараа правда, а сега гледаат дека никако не може да ја добијат со оваа власт, или што би се рекло нема правда, нема мир. Темата со амнестијата личи на  местенка од власта, наметната со типично удбашки методи. Ова тука не е политика, туку валкана игра на шака криминалци, и разно разни провладини организации кои свесно или несвесно се налепија на оваа измама. И секој кој има дилеми нека се запраша една едноставна работа, како е можно Уставниот суд да не изгласа и расправа за ниту една иницијатива поврзана со СЈО, или како е можно цели три години оваа инцијатива да се држи во фиока, а токму сега на неколку месеци пред избори, во време кога власта е жива фатена во скандали и криминалии сето ова да стане тема во јавноста и да се стави на дневен ред. Јас ја знам вистината, а тоа е стравот на Заев од пораз на изборите и соочување со одговорноста. Заев и СДСМ ја наметнуваат темата за Уставен суд, затоа што прават подготовка на терен за некоја идна аболиција на Заевци и луѓето од власта која треба да се испорача од Пендаровски, а кои се плашат од одговорноста за аферите сега, како и еден вид задоцнета испорака од власта за услуги кај дел од луѓето, добиени за чекорите превземени во изминатите месеци. Но треба да знаат сите до еден од власта, оние вмешани во Рекет 1, 2 па и во наредните продолженија, аферата „Кеш“, оние во криминалните тендери и афери, и сите оние кои сега или порано се огрешиле спрема законот дека јас аболиција не поддржувам и компромиси со правдата не правам. Темата со Уставниот суд покажува дека мора да има механизми за заштита од злоупотреба на амнестијата како алатка. Бидејќи јас не може да зборувам за принципи во политиката, а кога ќе станува збор за правдата да виткам кичма како Заев, тоа од мене не треба никој да го очекува,

-истакна лидерот на ВМРО-ДПМНЕ.

Погледајте ја во продолжение целата прес конференција на Христијан Мицкоски:

Креирано од:


Пренеси го гласот