БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Христијан Мицкоски пред жителите на скопски Карпош: Што доколку мерката за субвенционирани инвертери не води со плод?

HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт?
An image from Squarespace
Пренеси го гласот

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ во обраќање пред жителите на скопската населба Карпош што го имаше денеска во рамки на работната средба со граѓаните во рамки на кампањата “Обнова на Македонија”, акцентираше повеќе актуелни прашања од политичката сфера клоја кои ги засегаат граѓаните.

Зборувајќи за популистичките политики на актуелната власт насочени единствено во интерес на продолжувањето на политичките кариери на Заев, Анѓушев и целата екипа на СДСМ која во изминатите две и кусур години владее во Македонија, Мицкоски образложи дел од политиките и мотивите на ВМРО-ДПМНЕ со кои се спротивставува на актуелната власт на Зоран Заев.

Ние нема да ги раскрчмуваме ресурсите на граѓаните како што тоа во последните недели го прави двоецот Заев Анѓушев, туку ќе внимаваме што нудиме и што како одговор на прашањата на нашите сограѓани ќе дадеме.
Затоа што ние сме одговорни државотворни луѓе, чесни и честити и така сме почнале и така ќе продолжиме да функционираме во нашите политички кариери. Гледаме дека безмилосно се ветуваат работи како од типот на тоа “блескаме”, субвенцијата од 1000 евра за инвертер клима, па ке се обидат да ги поткупуваат нашите сограѓани. Па на тој начин ќе се справувале со загадувањето, а без придоа да дадат одговор на прашањето:

Што доколку оваа мерка не вроди со плод а јас сигурно знам дека нема да вроди со плод, нема да се намали загадувањето туку напротив загадувањето ќе биде исто а они ќе потрошат 10 милиони евра? Внимавајте 10 милиони евра-ваши пари,

-соопшти Мицкоски на средбата со граѓаните на скопски Карпош.

HTML Image as link НЕТКРИЕНО БОГАТСТВО ОД ТРАДИЦИЈА, ПРИРОДА, ИСТОРИЈА...
An image from Squarespace

Погледнете го во целост во продолжение неговото денешно обраќање пред жителите на Карпош:

Креирано од:


Пренеси го гласот