Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски денеска оствари работна средба со Пратеникот во германскиот Бундестаг Волкмар Клајн како и Јоханес Рај кој што е Директорот на Фондацијата Конрад Аденауер во Македонија.
Остварив средба со Волкмар Клајн, Пратеник во Германскиот Бундестаг
и Директорот на Фондацијата Конрад Аденауер во Македонија, Јоханес Рај. Разговаравме за проблемите, предизвиците и иднината на Република Македонија. Македонија има пријатели, потребна е волја и визија за напредок, обнова која ќе донесе подобар стандард за сите,
-соопшти Мицкоски во врска со средбата.

СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Делегација на МВР учествуваше на 15. конференција на ИНТЕРПА во Доха, Катар
Министерот Клековски ги прими новоименуваните директори на три универзитетски клиники
По измените во проектната документација – продолжуваат градежните активности на Домот за стари лица во Кочани