БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Македонскиот автомобилизам конечно го допра дното; на ридската трка Пробиштип – 5 натпреварувачи!

HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт?
An image from Squarespace
Пренеси го гласот

Изминатиов викенд во организација на Автомобилистичката федерација на Македонија во Пробиштип се одржа ридска трка која се бодуваше за таканаречениот „Македонски Шампионат на Ридски Патеки“ 

За срамот да биде најголем, покажува информацијата дека дури 6 натпреварувачи беа дел од оваа трка, 5 македонски возачи и еден бугарски.

По социјалните мрежи кружат непријатни коментари и исмејување на моменталното раководство кое изминативе неколку години едноставно не функционира, трки воопшто нема, а возачите се крајно фрустрирани поради болната вистина. Дефинитивно можеме да кажеме дека ова е рекорд за Македонија за најмалку пријавени возачи на една трка.

HTML Image as link НЕТКРИЕНО БОГАТСТВО ОД ТРАДИЦИЈА, ПРИРОДА, ИСТОРИЈА...
An image from Squarespace

Иако имаше најави за одржување на легендарната ридска трка на Водно, тоа не се случи, а со оваа трка во Пробиштип, Македонскиот автомобилизам го проби и дното и отиде уште подолу. До кога вака се прашуваат сите возачи, а тоа е прашање на кое ќе се даде одговор токму оној момент кога работите ќе се решат, но жал не може да се предвиди времетраење на овој проблем.

Подолу можете да ја видите листата на времиња на трката одржана изминатиот викенд

Извор:Sport1

 

Креирано од:


Пренеси го гласот
HTML Image as link Интернет портал за афирмација на земјоделието
An image from Squarespace