Без ниту капка крв.
Еден научник сакал да тестира теорија. Му бил потребен доброволец подготвен да оди до крајни граници. Конечно нашол таков: осуденик на смрт, чие погубување на електричен стол било веќе претходно закажано.
Научникот му го предложил следново на осуденикот: да учествува во научен експеримент кој се состоел од правење мал засек на зглобот, така што крвта полека би истекувала сè до последната капка. Објаснил дека шансите за преживување се минимални, но дека во секој случај, смртта би била безболна и без страдање; тој дури и не би ја почувствувал.
Осуденикот прифатил, бидејќи умирањето на овој начин било за него во тој момент подобро од умирањето на електричен стол. Го легнале на носилка и го врзале за да не може да се движи. Потоа му направиле мал засек на зглобот и поставиле мал алуминиумски сад под неговата рака.
Засекот бил површен, зафаќајќи само неколку слоеви на кожата, но бил доволен за тој да поверува дека вените навистина му се пресечени. Под креветот било поставено шише со физиолошки раствор и мал вентил што го регулирал течењето на течноста, која капела во садот.
Осуденикот можел да го слушне капењето и ја броел секоја капка од она што верувал дека е негова крв.
Научникот, без осуденикот да го гледа, постепено го затворал вентилот за да го намали капењето, со намера да го наведе да помисли дека крвта му истекува.
Како што минувале минутите, лицето му станувало сè побледо, пулсот му се забрзувал, а дишењето му станувало отежнато. Кога очајот го достигнал својот врв, научникот целосно го затворил вентилот; осуденикот доживеал срцев удар и починал.
Научникот успеал да докаже дека човечкиот ум доследно го остварува она што го перципира и што поединецот го прифаќа – било да е позитивно или негативно – влијаејќи врз сите наши психички и органски делови.

СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Гордоста на Брегалничкиот регион- Ансамблот “Македонија” во Делчево ја покажа најсилната страна на Македонскиот идентитет
160 недели, најмалку 160 книги: КЛИК веќе објави 21 книга и го отвора македонското книжевно творештво кон светот
Видела лице зад сцената на концерт на Аеросмит, кое многу личи на нејзиното: Како Лив Тајлер дознала за своето биолошко потекло?