БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Калиманско езеро беше местото каде се одржа седмата традиционална рибарска средба

Пренеси го гласот

Во овие студени зимски времиња убаво е кога се гледа како групи на граѓани се собираат и заеднички се дел од традиционални настани кои што го зајакнуваат духот и сплотеноста на народот.

Денеска на брегот на Калиманско езеро во Македонска Каменица се одржа седмата традиционална рибарска средба на рибарите од општината но и поширокиот регион.

На настанот присуствуваше и градоначалникот на општина Македонска Каменица Димче Атанасовски кој што имаше можност да се запознае со потребите и условите за рибарење во општината но и во поширок контекст на државно ниво од страна на пасионираните рибари.

“Денеска на 20-ти Јануари 2024 година на брегот од Калиманско езеро, членови на СРК “Шаран” од Македонска Каменица и љубители на риболовот од повеќе градови во Источна Македонија, беа дел од седмата традиционална рибарска средба. Одржувањето на оваа рибарска средба започна во 2018 година, како настан со кој рибарите од Македонска Каменица и регионот го одбележуваат заштитникот на рибарите – Свети Стефан.”

-соопшти градоначалникот Димче Атанасовски во врска со овој убав настан.

Креирано од:


Пренеси го гласот