БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Ковачки: Добро е што Муслиу призна дека неговата сопруга добила грант од 620 000 евра

Пренеси го гласот

По изнесената реакција од страна на директорот на Агенцијата за разузнавање Еролд Муслиу со која тој побара јавно извинување од пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Драган Ковачки возврати со свој одговор на реакцијата на Муслиу:

“Добро е што Директорот на Агенцијата за разузнавање Муслиу призна дека неговата сопруга добила грант од 620.000 евра додека тој е функционер.

За да го добие грантот Конзорциумот на невладини од кои е дел неговата сопруга, морало да се потпише меморандум за чие потпишување налогот дошол од Владата.

Тоа што Муслиу бедно се брани и меша етнички карактер како и неговите од ДУИ кои секогаш кога се фатени во криминал се кријат позади идентична реторика, не го амнестира, туку напротив – покажува дека нема друг аргумент.

Многу пати сум кажал и пак ќе кажам.

Криминалот нема етничка линија, во Македонија криминалците од власта на СДС и ДУИ нанесуваат подеднакво штета и на Македонците и на Албанците и на сите други.

*А за тоа колку лојални граѓани се директорот Муслиу и неговата сопруга, ќе има време истото да го докажува многу брзо.

Спокојно.”

-одговор упатен во јавноста од страна на пратеникот Драган Ковачки на реакцијата на директорот на Агенцијата за разузнавање Еролд Муслиу.

Креирано од:


Пренеси го гласот