БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

НСДП донесе одлука да го поддржи Талат Џафери за премиер на државата

HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт?
An image from Squarespace
Пренеси го гласот

Централниот одбор на НСДП едногласно дава поддршка на лидерот на владеачката коалиција Димитар Ковачевски за продолжување на активностите за окрупнување на европската коалиција со сите европски ориентирани сили во општеството.

Нашата коалиција треба да ги обедини сите прогресивни сили во државата кои бараат продолжување на процесот на преговори со Европската унија се до полноправно членство, затоа што тоа е вистинскиот пат за прогрес, стандарди и сигурна иднина на граѓаните на што НСДП укажува подолго време наназад.

Европската коалиција гарантира победа на претстојните парламентарни и претседателски избори и е браник против регресивните и мрачни сили предводени од ВМРО-ДПМНЕ и Христијан Мицковски, кои немаат визија за иднината и сакаат хаос, безредие и изолација на државата.

HTML Image as link НЕТКРИЕНО БОГАТСТВО ОД ТРАДИЦИЈА, ПРИРОДА, ИСТОРИЈА...
An image from Squarespace

НСДП исто така донесе одлука пратениците да го поддржат изборот на Јован Митревски за нов претседател на Собранието, изборот на Талат Џафери за премиер и да го поддржат изборот на техничката влада, а доколку ВМРО-ДПМНЕ одлучи да не ја поддржи техничката влада предводена од Талат Џафери, тогаш НСДП нема да даде поддршка за министрите и замениците министри предложени од ВМРО-ДПМНЕ.

Досегашниот заменик министер за економија од НСДП, воедно и потпретседател на партијата, Зоран Маневски, беше утврден како предлог за заменик министер за економија и во техничката влада.

Покрај овие одлуки на седницата на Централниот одбор извештај за работењето поднесоа и избрани и именувани лица од НСДП во централната и локалната власт.

-сооптение на НСДП упатено до јавноста.

Креирано од:


Пренеси го гласот