БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Карбинчани во целосна готовс! Полицијата негира дека имало обид за грабнување, градоначалникот максимално претпазлив

Пренеси го гласот

Градоначалниот на општина Карбинци Виктор Паунов во интерес на жителите на Карбинци и безбедноста на најмладите на страна на претпазливоста ги алармира надлежните институции пред се МВР во врска со случајот кој што ја потресе општината но и целиот Брегалнички регион. Информациите кои што МВР ги демантираше беа дека имало обид за грабнување на две девојчиња од нивното училиште, но МВР експресно побрза да ја демантира оваа информација пренесена преку повеќе медиуми. Денес градоначалникот на Карбинци Виктор Паунов излезе со свој став во кој повторно ја алармира јавноста за овој случај давајки повеќе информации во врска со истиот.

“Јавноста во Македонија мора да ја знае вистината!

Во текот на вчерашниот ден во ООУ ,,Страшо Пинџур” Карбинци се случи немил настан кога непознато лице со возило марка Голф со скопски регистарски таблички се обиде да намами и заведе во своето возило 2 ученици од 9-то и 6-то одделение. Од исказите на учениците и сведоците но и од доказот што едниот ученик земал пари од непознатото лице (кои подоцна ги предал на полицијата) и од надзорните камери се утврдува дека имало таков обид.

Кои биле мотивите?

Дали е нормално кога возрасен маж со возило за време на настава бара да оди на ,,кафе” со малолетно девојче од 13 години и притоа девојчето видно вознемирено го пријавува случајот во училиштето а училиштето до МВР, да се земе како случај кој не бил обид за такво нешто?

Наместо брзата реакција на училиштето да биде аларм за МВР, се случи спротивното, МВР демантира дека воопшто имало ваков обид.

Ниту една закана од страна на министерот Спасовски, ниту една закана од страна на доушниците кои ги испраќате нема да не исплашите да реагираме на вакви непосакувани ситуации. Моја грижа се жителите на мојата општина Карбинци, децата во училиштата, градинката и секој граѓанин во оваа општина! Политиката да ја тргнете надвор од реалната ситуација а безбедноста да ја подобрите во интерес на сите граѓани.”

-вели градоначалникот на Карбинци Виктор Паунов во своето обраќање преку социјалните мрежи.

Кога имате пријава од страна на директор на училиште и градоначалник на општина со индиции за ваков случај ова треба да биде сфатено и постапено со нај сериозен пристап.

Со вакви изјави на министер, нервоза и потење пред камерите, граѓаните не се чувствуваат безбедни во Карбинци!

Креирано од:


Пренеси го гласот