БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Кејот на Каменичка Река во Македонска Каменица ќе добие ново осветлување

Пренеси го гласот

Репрезентативноста на градскиот центар на Македонска Каменица ќе добие уште поубав сјај во наредниот период. Кејот на Каменичка Река ќе добие ново јавно осветлување во текот на наредните три месеци со почеток на изведбените работи од наредната недела.

“Денес со фирмата ЕЛМОНД ЕЛЕКТРО ДОО од Скопје го потпишавме Договорот за осветлување на кејот на река Каменичка.

Добивме гаранција дека градежните работи ќе започнат веќе од наредната недела и дека проектот ќе биде комплетно завршен во рок од максимум три месеци.

По тоа ќе следи поставување на нова урбана опреме по целата должина на кејот, како и создавање услови за изградба на нови пешачки и сообраќајни мостови.”

-соопшти Димче Атанасовски- Градоначалник на општина Македонска Каменица.

Креирано од:


Пренеси го гласот