И покрај постојаните реакции од граѓаните упатени во јавноста, локалната самоуправа во Делчево предводена од градоначалникот Горан Трајковски останува глува зза проблемите за кои се надлежни.
Спомен домот АСНОМ во Делчево кој што е граден од парите на граѓаните на Делчево во изминатиот период, останува на забод на времето да се распаѓа и пропаѓа пред очите на граѓаните и на надлежните и одговорни лица во локалната самоуправа и приватните сопственици.
Кровниот покривач на Спомен домот АСНОМ веќе неколку месеци наназад е оштетен а врнежите кои што зачестија предизвикуваат непоправлива тета врз самот монументален архитектонски и градежен објект.
За ваквата состојба своја повторн рекција упатија од Општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ од Делчево чиј што текст го пренесуваме во продолжение во целост:
“ Спомен домот АСНОМ во центарот на Делчево е монументално архитектонско дело градено со пари од самодопринос на сите делчевчани во поранешниот систем на СФРЈ. Замислен и изграден до ниво на карабина како репрезентативна театарска арена на затворено, денешниот Спомен дом АСНОМ претставува главоболка за одржување на неговите сопственици Општина Делчево и неколкуте приватни ресторани, пицерија, Библиотека, Музеј и Центар за култура.
Како доминантен сопственик на деловни простории во домот Општина Делчево во минатото неколку пати интервенираше со санација и поправки на кровниот покривач на Спомен Домот АСНОМ, но во последните неколку месеци делчевчани се згрозуваат од односот на засегнатите кон овој бележит и препознатлив објект кој што е еден од симболите на Делчево кој што го има и на општинскиот грб и знаме.
Следуваат врнежливи денови кои што може да предизвикаат несакани влијанија врз овој градежен објект а потребата за негова санација е повеќе од итна. За да не падне товарот за негова санација повторно само врз општина Делчево/ парите на граѓаните, а и за во иднина можно е да се формира заедница на станари на овој колективен деловен објект преку која ќе се регулираат односите за одржување на заедничките простори на самиот објект.
Поради итноста и неодложноста од санирањето на кровот на Спомен домот АСНОМ се со цел заштита на најрепрезентативниот објект од Општина Делчево, а и поради немањето на слух за санација од страна на Градоначалникот Горан Трајковски, нашата Советничка група поднесе низа барања и предлози до Совет на Општина Делчево за разгледување и изнаоѓање на решенија за санација на истиот
Спомен домот АСНОМ е на сите граѓани на Општина Делчево и незаслужува ваков третман од страна на Градоначалникот
Решавање на овој проблем мора и треба да има
#советничка#група#на#вмро#дпмне#делчево#во#иннтерес#на#граѓаните“
-алармираат од ОК на ВМРО-ДПМНЕ Делчево чија што советничка групаа во советот во општина Делчево поднесе конкретна иницијатива з надминување на оваа проблематика на долг план.
СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Сообраќајна акција „Алкохолот и воланот не се добар пар“
Иван Гоцевски: Горане Трајковски одвои 15 минути време и исплати им ги утужените надоместоци на пожарникарите кои им следуваат со закон
Во Делчево продолжува вербалната битка меѓу Градоначалникот Трајковски и Претседателот на ОК на ВМРО-ДПМНЕ Делчево Гоцевски