Навивачката група “Комити- Скопје” преку социјалните мрежи упатија порака по повод 114 годишнината од загинувањето на Македонскиот револуционер Даме Груев:
“Во овие времиња, зборовите на еден Револуционер, Војвода и Основоположник на Македонската Револуционерна Организација, како никогаш предходно во историјата стануваат толку многу актуелни…
“ПОДОБРО УЖАСЕН КРАЈ ОТКОЛКУ УЖАС БЕЗ КРАЈ”
Апостолу, дај ни ја храброста да се издигнеме до сонцето на Слободата, за да ги продолжиме твоите дела, за твојата чест и честа на сите кои го положија животот за Слободата на нашата мајка…Слобода која е земена здраво за готово, па затоа е лесно заменета со робство, Слобода која нема повозвишена алтернатива од смртта…
Дамјан Јованов Груев
19.01.1871 – 23.12.1906 “

СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Гордоста на Брегалничкиот регион- Ансамблот “Македонија” во Делчево ја покажа најсилната страна на Македонскиот идентитет
160 недели, најмалку 160 книги: КЛИК веќе објави 21 книга и го отвора македонското книжевно творештво кон светот
Видела лице зад сцената на концерт на Аеросмит, кое многу личи на нејзиното: Како Лив Тајлер дознала за своето биолошко потекло?