БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

ЈЛБ “Илинден” Делчево спроведе конкурс „Најстар зачуван документ, постар од 1980 година“

HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт?
An image from Squarespace
Пренеси го гласот

Денеска во просториите на ЈЛБ„Илинден“-Делчево беа доделени наградите од Конкурсот„Најстар зачуван документ, постар од 1980 година“.

“Со овој настан ја потврдивме важноста на семејната и културната меморија, како и љубовта кон пишаното наследство што се пренесува од генерација на генерација,”

-велат од Јавната Локална Библиотека “Илинден” од Делчево во врска со реализацијата на овој интересен настан.

HTML Image as link НЕТКРИЕНО БОГАТСТВО ОД ТРАДИЦИЈА, ПРИРОДА, ИСТОРИЈА...
An image from Squarespace

Ваквото наследство кое што се пренесува од колено на колено од генерација на генерација е убава можност да се посведочат историски факти, за кои што актуелната јавност нема можност да ги види на друго место. Ова е значајна активност која што ја спроведува менаџментот на библиотеката во Делчево, а се разбира истата треба да продолжи и понатаму, со можност да се прошири со што е можно повеќе учесници и документи.

На Конкурсот првото место го зема

-Ѓорги Попов

Документи со стари османлиски ракописи.Текстот е на османлиско-турски јазик,варијанта на турски јазик со арапско писмо, кое се користел во Османлиското царство до 1928 година. На дното на документите има султански тугра (монограм/симбол на Султанот, официјален потпис кој се користел во сите правни и административни документи). Документите содржат табели со имиња и податоци, попис или катастерски запис на земјиште, даноци или имот). Еден од документите има украсена рамка и е официјален ферман или тапија (потврда за сопственост).

Второ место за

-Максим Стефановски

Документи кои се многу значајни историски извори поврзани со официјалното утврдување на границите на Кралството СХС (подоцна Југославија) со соседните држави по Првата светска војна.Првиот документ е врзан со Најскиот договор од 27 ноември 1919,мировен договот меѓу сојузниците и Бугарија.Вториот документ е најверојатно верзија и потврдување на југословенско-грчката граница.Овие документи претставуваат службени геодетски и дипломатски извештаи, кои биле основа за официјалните карти и за правното утврдување на државните граници. Денес тие се редок и важен материјал за историчарите,правниците и географите.

И третото место до освои

-Невенка Стоименовска

Документи од 1942 година кој претставуваат дел од официјалната администрација во тој период, кога источна Македонија била под бугарска управа. Тие се вредни семејни и историски сведоштва. Пишувани се на бугарски јазик со стар правопис.

Подарок книга добија и сите други кои учествуваа на Конкурсот: Лидија Дамјанова, Анита Цонева, Сања Николовска, Ванчо Новоселски и Биљана Петровска.

“Голема благодарност до сите учесници кои ни ја отворија вратата кон историјата и ни го претставија своето семејно богатство. Нивните документи се вистинско сведоштво за времето и за традицијата што треба да ја чуваме.

Нашата библиотека и понатаму останува место каде минатото се среќава со иднината,”

-порачаа од ЈЛБ “Илинден” Делчево во врска со овој настан.

Креирано од:


Пренеси го гласот