Президиумот на Левица преку соопштение до сретствата за јавно информирање ја информира јавноста дека на 08.08.2018 година ќе поднесе иницијатива за оспорување на Одлуката на Собранието на Република Македонија за распишување на Референдум со која де факто се врши промена на Уставот и Името на Република Македонија.
Нашиот Правен сектор смета дека постојат сериозни формалноправни и материјалноправни причини за оспорување на наведената одлука како противуставна и противзаконита, бидејќи истата не е во согласност со Уставот на РМ, Законот за референдум и другите облици на непосредно изјаснување на граѓаните, како и со воспоставените европски стандарди и добри референдумски практики утврдени од страна на Венецијанската комисија.
-соопштуваат од политичката партија Левица.
Подетални наводи од содржината на претставката ќе бидат објаснети на самата прес-конференција закажана за во 11 часот пред Уставниот суд на Република Македонија,

СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Напредува процесот за новиот експресен пат Кочани- Делчево согласно предвидената динамика: Презентација на техничкото решение во Делчево
Градоначалникот на Делчево Гоцевски оствари средба со активисти на невладината организација “Жена” од Делчево
Тошковски на промоцијата на Националната стратегија: Значително намален бројот на жртви во сообраќајот, Македонија во конкуренција за светско признание за сообраќајна безбедност на светскиот полициски самит во Дубаи