Од организационото тело на граѓанската иницијатива “Македонија#Блокира” упатија соопштение за организирање на голем сенароден македонски митинг пред Парламентот на Република Македонија, за спротивставување на постапката за гласање на уставните промени со кои се менува името на државата и Уставот.
Во продолжение го пренесуваме интегрално соопштението на иницијативата “Македонија#Блокира”
Македонија#блокира во кое членуваат 84 организаци од земјата и дијаспората на 1 декември 2018 повикува на Сенароден македонски митинг пред Собранието во 12:00 часот.
Обрнуваме внимание дека на истиот ден, 1 декември е закажана седница на Собранието за гласање на уставните промени со кои се брише се што е македонско.
Повикуваме и очекуваме масовно присуство бидејќи влегуваме во финална борба со марионетската власт.
И НАЈБИТНО, ПО МИТИНГОТ ОСТАНУВАМЕ ПРЕД СОБРАНИЕТО ДО КОНЕЧНО ПАЃАЊЕ НА ВЛАСТА И РАСПИШУВАЊЕ НА ИЗБОРИ.
