БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Мицкоски со сеќавање за Борис Трајковски: Беше со народот и неговите интереси. Беше човек пред времето, кој обединуваше и ја правеше горда Македонија

Пренеси го гласот

По повод 20 годишнината од трагичната смрт на вториот Претседател на Република МАкедонија Борис Тракковски своја посвета на прерано загубениот претседател упати претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски:

” Денес се навршуваат 20 години од трагичната смрт на претседателот Борис Трајковски и членовите на екипажот кој го придружуваа.
Трајковски беше човек кој со дела покажа како се сака Македонија, со чесност, срдечен пристап и отворена волја да зборува и за најтешките прашања. Веруваше во Македонија и кога таа беше во конфликт, разединета и со многу отворени прашања. Беше со народот и неговите интереси. Беше човек пред времето, кој обединуваше и ја правеше горда Македонија.

Слава му!”

-напиша на социјалните мрежи Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски.

bregalnickimarketing

Креирано од:


Пренеси го гласот