На својата неодамна одржана прес конференција во Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, Министерот Љупчо николовски објави дека
МЗШВ годинава ја зголемува финансиската поддршка за одржување на насади со јаболка од 33.000 денари на 41.000 денари по хектар
со што директно се помага производствот на јаболка од страна на државата.
Од друга страна пак целата Македонска јавност знае како заврши родот од јаболката кој беше произведен минатата година кој масовно беше фрлан на депонии ширум регионите каде има производство на оваа значајна овошка.
Депонираната јаболка од минатогодишниот род која е складирана за продажба, во тековниот период пак нема изгледи да биде откупена.
За овој проблем кој го имаат земјоделците производители на јаболка, пратеничко прашање до Министерот за земјоделие на вчерашната седница постави пратеничката од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Ане Лашкоска.
Таа објасни дека претходно Николовски и Заев ветувале мед и млеко за земјоделците а сега не направиле ништо за да им помогнат во решавање на нивните проблеми со откуп на јаболките.
Со оглед на пораст на температурите останува помалку од еден месец да се откупат преостанатите 50 илјади тони јаболка, што е речиси и невозможно, дали воопшто , како и со кои мерки планирате да помогнете на јаболкарите од Ресенско,
праша Лашкоска.
Уреднички коментар:
Стимулирањето на произвотството на земјоделските примарни производи е од особена важност за земјоделците, но исто така големо внимание треба да се посвети кон пласманот и обезбедување на помош при откупот на овие производи од страна на државата со што би се воспоставила основната инфраструктура за еден заокружен систем на произвотство и пласман на земјоделски производи. Тоа е макотрпен процес но само така може да се воспостави одржлив развој на земјоделието.
СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Љутков: Вевчанскиот карневал не само што обединува, туку сведочи дека нашите обичаи и вредности се живи
Со Спасовски во МВР институциите под контрола на СДСМ се пресметуваа со вевчанци, денес челниците на опозициската партија пеат друга песна
Претходно со кордони полиција, сега лично Премиерот помеѓу Вевчанци на славниот Вевчански карневал