БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Мобинг, притисоци и партизација на компромитирани ликови на една уништена партија!!!

Пренеси го гласот

Мобинг, притисоци и партизација на компромитирани ликови на една уништена партија!!!

Кој е апаратот за зачувување на фотелјата на властодршсците?!

Безусловната желба за владеење и комодитет на челниците, доведува до морална хипокризија и пад на основните постулати на едни човечки вредности. Таков низок пад повлекува девијации, односно се што било ненормално, сега е нормално.

Мито и корупција, власт и полиција, притисок и партизација во сите сфери на општеството. Сето ова наведено нас не води до една појава која ја викаме миграција за жал. Нус појави кои ја променуваат демографската слика на едно општество.

Превземање вина, одговарање пред правдата и надеж за подобро утре, се прашањата за кои одговори прашуваме?

Челниците заслепени од комодитетот даден од народот, забораваат на обичните смртници, каде тргуваат со работните места со енормен притисок и ствараат гласачка машинерија.

Проклетството во кое живееме изминативе години е во рацете на егото, суетата и лакомоста.

Мобингот и партизацијата во сите можни интитуции, дополнително го оптоварува буџетот и ги обременува услугите. Не знам како на ваков начин Република Македонија би се приближила до ЕУ?! Ова се случува свесно и дефинитивно можеме да заклучиме дека во овој мрачен систем нема место за вистински професионалци, и дека во една криминогена власт која ја зацрни државата, можат да царуваат само партиски војници и роднини на партисккте функционери.

Фушерај, нестручност, прочитан аматеризам, непрофесионализам, почетништво, површност и дилетантизам – ја декларираат нашата заробена и неслободна држава.

Заробена држава, заробена администрација, заробени институции и судство. Верувавме во фер шанса за сите, а живееме во непотизам и мрежа на лицемерие.

Ништо случајно не се случува, нит никнува ако нема погодна почва и тло да зарти. Во Македонија зарти насилството, криминалот, злосторствата…

Децении работната атмосфера на граѓаните е зачинета со несигурност, страв, назадување, неодговорност и неказнивост.

Можеме да сведочиме само за туркање тендери, договори во 4 очи, инсталација на партиски кадри кои прават жртви на партизација на секој чекор.

Разрешување и реизбор на судии, затварање на низа фабрики и стотици граѓани исфрлени на улица, уништен целокупен систем и институции клекнати на колена. Граѓани соочени со притисоци , политички реваншизам, закани и мобинг на работни места даваат откази. Загрижувачка состојба со владеење на правото, злоупотреба на закони и ускратување на правата на граѓаните. Стотици неосновани дисциплински постапки, распоредувања од една општина во друга, распоредувања на пониско ниво и отказни решенија…

Ништо не трае вечно , па ни злото!

Поддршката која мора да си ја даваме еден на друг ќе го открие светлото на крајот од тунелот. Ќе биде тешко , но ние ќе успееме…мора да успееме!

Пишува: Д-р Николчо Стоименовски

Креирано од:


Пренеси го гласот