Господе Исусе Христе,
Ти им прости на Твоите непријатели затоа што не знаеја што прават кога те навредуваа, удираа, измачуваа и распнаа на крстот.
Те молиме Господе, биди милостив и кон оние што ја мразат Македонија и македонскиот народ и ни мислат лошо, кои не’ навредуваат и клеветат. На непријателите наши прости им по Твојата милост, вразуми ги, благослови ги и исполни ги нивните срца со љубов.
Те молиме Господе Исусе Христе, да остане Македонија и македонскиот народ под Твојата вечна закрила, да се исполниме со Твојот мир и Твои да бидеме, зашто Ти си Единствен, Вечен, Семоќен и Благословен во сите векови. Ти си Патот, Вистината, Животот и Светлината. Те молиме Господе, заштити ја Македонија и македонскиот народ од убиства, страдања и деструкции.
Благословен биди, Господе Боже наш, благословено нека биде Твоето вечно и свето име! Слава на Отецот и Синот и Светиот Дух, сега и секогаш и во вечни векови!
Амин!

СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Напредува процесот за новиот експресен пат Кочани- Делчево согласно предвидената динамика: Презентација на техничкото решение во Делчево
Градоначалникот на Делчево Гоцевски оствари средба со активисти на невладината организација “Жена” од Делчево
Тошковски на промоцијата на Националната стратегија: Значително намален бројот на жртви во сообраќајот, Македонија во конкуренција за светско признание за сообраќајна безбедност на светскиот полициски самит во Дубаи