Во четврток (02.06.2022 година) со почеток во 19.00 часот во Мултикултурниот центар во Кочани ќе се одржи концерт на класична музика во изведба на реномирани македонски инструменталисти-изведувачи.
Марија Јакимовска на флејта, Вачо Аревски на флејта и Иван Еминовиќ на пијано за љубителите на музиката со префинет вкус, ќе овозможат едно своевидно музичко доживување кое што ќе биде на некој начин вовед во топлото културно лето во Кочани кое што е во најава.
На програмата се дела од Кванц, Доплер и Кларк.
Настанот е закажан да започне во 19.00 часот а истиот се реализира во соработка со Министерството за култура на Република Македонија.

СЛИЧНИ ОБЈАВИ
ПОВИК ЗА МЛАДИ: БЕСПЛАТНО УЧЕСТВО НА CASSINI SPACE CAMP
Делчево- единствената општина од регионот која го доби престижното признание “Младински пријателски град”
Спортските здруженија да достават извештаи за искористените буџетски средства до 25 ноември