Патриотскиот институт на ВМРО-ДПМНЕ “Гоце Делчев” по повод 116 годишнината од херојската смрт на претседателот на Крушевската република Никола Карев организира чествување на местото на неговото погибије во селото Рајчани, општина Кочани.
За таа цел Претседателот на Патриотскиот институт на ВМРО-ДПМНЕ Александар Пандов упати повик до сите родољуби кои сакаат да бидат дел на ова чествување да се придружат на реализацијата на самиот настан кој ќе се одржи утре (вторник, 27.04.2021 година) со почеток во 14.00 часот во атарот на селото каде загинал Никола Карев:
“Браќа и сетри, по повод 116 години од погибијето на Никола Јанакиев Карев (Крушево 23 ноември 1877 – 27 април 1905 Рајчани, Кочанско), ве поканувам во вторник (27.04) со почеток од 14 часот да дојдете во село Рајчани, Кочанско, каде во организација на Патриотскиот Институт ,,Гоце Делчев” и УМС на ВМРО ДПМНЕ заедно ќе се поклониме на овој македонски великан, национален херој, ревулуционер на ВМРО и претседател на Крушевската Република.
За време на Илинденското востание, востаничката власт во Крушево го објавила Крушевскиот манифест. Јас го извадив неговиот последен дел и ве молам прочитајтего:
,,Мили наши комшии! Како Турци, Арнаути, мусљумани и комуњари разбираме, вие се си мислите, оти царстфото јет ваше и оти вие не сте робје, шчом на царскио бајрак немат крст, а имат ѕвезда и месечина. Оти не јет така и оти грешите, вие брго ќе се сетите и ќа го разберите. Ама ако ви јет намуз да дојдите при нас и да се објавите протиф заевата тиранија, ние, вашите по таткојна и по страданија браќа, немат да се докачиме и не ќа ве мразиме. Ние сами ќа се бориме и за нас и за вас, ако јет потребно, до еден ќа умриме пот бајрако за нашата и ваша слобода и за нашето и ваше право. “Слобода или смрт” јет писано на нашите чела и на нашио крваф бајрак. Ние веќе го дигнафне тој бајрак и немат враќање. Ако и вие нe имате како ваши браќа и ни сакате доброто, ако есапите пак да живејте со нас, како шчо сте живејале до сега и ако сте верни и достојни синој на мајка Македонија, можите да ни поможите само со едно нешчо – а тоа јет голема помшт. Да не се заортачите со душманите, да не дојдите со пушка протиф нас и да не прајте зулуми по рисјанските села!
Нека Господ Бог да благослојт светата борба за правото и слободата!
Нека сет живи борците за слободата и сите чесни и добри македонски синој!
Ура! За “Афтономна Македонија”!”
#СлободаИлиСмрт
#МакедонскаПролет“
-стои во повикот на Александар Пандов.
СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Советниците на ВМРО-ДПМНЕ во делчевскиот Совет поднесоа БАРАЊЕ за ставање во функција на регионален пат село Разловци- село Митрашинци
Акција за озеленување на јавни површини во Кочани
Лекар во Клиничката болница во Штип физички нападнал свој колега за време на операција